Листа на најсреќни земји во Европа за 2023 година

Според „показателите за квалитет на животот“ на Евростат, Австрија имала највисока оценка за среќа од која било земја-членка на ЕУ – 7,9 од 10. Податоците се базираат на анкети спроведени во секоја земја-членка, пишува „Индипендент“.

Од друга страна, Германија забележа голем пад и 2023 година ја заврши со оценка од 6,5 – се верува дека тамошната финансиска состојба има прилично штетно влијание врз среќата на луѓето. Единствената земја која помина полошо од Германија на оваа листа е Бугарија, со 5,6 поени на вкупниот индекс на задоволство од животот.

Сепак, публикацијата наведува дека факторите како што се нивото на образование, семејството и финансиската стабилност имале најголемо влијание врз исходот од студијата, наместо само богатството. Ова е поткрепено со фактот дека областите кои традиционално имаат пониски просечни приходи, Романија и Полска, се двете места каде што задоволството од животот е највисоко. И двете земји вртоглаво се зголемија во популарност како туристички дестинации.

Што се однесува до нашиот регион, Словенија е на високо 4 место, Хрватите се на 10, а Грците на 11 место.

Погледнете ја целосната листа.

1. Австрија

2. Полска, Романија, Финска

3. Белгија, Холандија

4. Данска, Словенија

5. Чешка, Ирска, Малта, Шведска

6. Естонија, Италија, Кипар, Луксембург

7. Шпанија, Литванија

8. Франција, Португалија, Словачка

9. Унгарија

10. Хрватска, Латвија

11. Грција

12. Германија

13. Бугарија

Scroll to Top