Луѓе на Коштуница се сретнале со Легија пред убиството на Џинџиќ

Двајца најблиски соработници на поранешниот српски премиер Војислав Коштуница се сретнале со Милорад Улемек Легија,и припадниците на „земскиот клан“, и тоа 15 дена пред убиството на премиерот Зоран Џинџиќ, тврди Миле Новаковиќ, некогашниот началник на Управата на криминалистичката полиција (UKP) и човекот кој ја водел истрагата во атентатот.

Новаковиќ за време на гостувањето во емисијата „Да не се лажеме“, чиј автор е Ратко Фемиќ, раскажа интересни детали за политичката позадина на трагичниот настан на 12 март 2003 година, ден кога се случи убиството на поранешниот српски премиер Зоран Џинџиќ, настан за кој е убеден дека никогаш нема до крај да се истражи.

„Двајца најблиски луѓе на Коштуница во последните 15 дена пред убиството на Џинџиќ двапати имале состанок со Легија и земунците“, изјави Новаковиќ.

 

 

 

 

Scroll to Top