„Made in China“ е најголемата лага – Воопшто не носиме облека произведена во Кина

Крајниот производ од облеката најчесто се испраќа директно во кинеските пристаништа, од каде само се препакува и понатаму се испраќа до светските пристаништа, од каде што е нарачана. 

Кинеските текстилни компании се повеќе ги користат фабриките надвор од своите граници, се со цел да можат користат поевитна работна сила, на идентичен начин како што тоа го прави Западот со Кина. Но, притоа тие го мамат пазарот, затоа што на облеката и ја ставаат препознатливата ознака „Made in China“, а робата наместо нив, ја произведуваат најмени работници во Северна Кореја, пишува Ројтерс.
Кинезите се повеќе користат фабрики, трговци и компании во пограничниот град Дандонг, а потоа робата продолжува низ целиот свет, пласирајќи ја како нивна. Користењето на Северна Кореја за производство на евтина облека, покажува дека, и покрај санкциите од ОН, наменети кон таа земја, Ким Јонг Ун успева да се снајде со помош на „пријателите“. Имено, санкциите поради севернокорејската нуклеарна програма, не се однесуваат на забраната на извозот на текстил. Се е поради парите.
„Примаме нарачки од целиот свет“, откри еден корејско – кинески бизнисмен, од Дандонг, градот на границата кон тие две земји, низ кој се одвива вечната трговија на Северна Кореја, пренесува express.hr.
Како и повеќето луѓе кои говореле на таа тема, тој побарал да остане анонимен, поради чувствителноста на целата работа. Во Дандонг, делуваат дваесетина агенти, кои се посредници меѓу кинеските доставувачи и купци од САД, Европа, Јапонија, Јужна Кореја, Канада и Русија.

 

 

„Често крајниот потрошувач, нема поим дека робата се изработува во Северна Кореја“, истакнува изворот.

Текстилот е втората најголема ставка во извозот на Северна Кореја, по јагленот и другите руди, а заработката од извезениот текстил изнесува 752 милиони долари во 2016 година. Последните санкции на ОН, во целост забранија извоз на јаглен, па Северна Кореја навистина сега мора самата да се снаоѓа, а очигледно е дека се ослонуваат на Кина, во својот економски опстанок. Кинескиот извоз пораснал за околу 30 проценти, односно 1,67 милијарди долари во првата половина на годината, а повеќето од тоа се работи за ткаенина и останати суровини, од кои во Северна Кореја се произведува речиси производ подготвен за пазарот.

Фабрики на информаторите

Австралиската спортска марка „Rip Curl“ јавно се извини минатата година, кога откри дека дел од нивните скијачки опреми, се означени како „Made in China“, направен во Северна Кореја во една од нивните фабрики.

„Rip Curl“ го обвини добавувачот на својата облека со „outsourcing“ преку неовластен кооперант. Но, трговците и агентите во Дандонг велат дека тоа е широко распространета пракса. Произведувачите можат да заштедат до 75% од изработката на својата облека во Северна Кореја, открива кинескиот трговец. Некои од фабриките во Северна Кореја се наоѓаат во градот Синуију, а другите се лоцирани во околината на Пјонгјанг.

 

 

Завршената облека најчесто директно се испраќа во кинеското пристаниште, каде само се препакува и испраќа понатаму низ светските пристаништа од каде се нарачани.

Искористување на работникот до максимум

Производството на текстил во Северна Кореја е високо разработено во седумдесетите години од минатиот век, кога првите холандски компании почнаа да тргуваат со Кореја. Иако дошло до пад на производството, во последните години повторно почна да расте. Месечната плата на севернокорејскиот работник во текстилната индустрија е околу 80 долари месечно, што значи дека производството е за дури 30% поевтино отколку во Кина. Освен тоа, севернокорејските работници во текстилната индустија, можат да произведат 30 % повеќе облека секој ден отколку кинеските работници, открива кинески трговец.

Причината за тоа, се разбира, лежи во експлоатацијата. Во фабрика во Северна Кореја, работниците не одат во WC освен ако мораат, затоа што инкау се забавува целата линија на монтажа. Поради тоа постојат пропишани паузи за WC, кои сите мораат да ги почитуваат.

Дополнителна причина поради која севернокорејските работници се така продуктивни, е нивното уверение дека тие работат за доброто на својата земја, а не за плата. Тие веруваат дека тоа го прават за својот водач, и подобро утре, а нивните плати се разликуваат од оние на другите во азиските земји. На пример, додека во Северна Кореја минималецот е 75 долари месечно, а просекот 160 долари месечно, во Кина просечните плати во фабриките изнесуваат од 450 до 750 долари за месец.

 

Scroll to Top