Мајка невина лежела 20 години во затвор за убиство на нејзините четири деца

Во австралиската држава Нов Јужен Велс е помилувана жена која првостепено била осудена на 25 години затвор за смртта на четирите деца. Таа одлежала 20 години, а помилувањето се случило по судската проверка и основаните сомнежи за валидноста на првостепената пресуда.

Кетлин Меган Фолбиг била осудена во 2003 година за убиство на нејзините четири деца, но останала на ставот дека е невина и дека децата умреле од природна смрт, пренесе „Ројтерс“.

За време на првичната истрага во 2019 година, биле презентирани докази кои ја потврдуваат вината на Фолбиг, меѓутоа, за време на следната истрага започната во 2022 година од страна на пензионираниот државен обвинител Томас Батурст, била разгледана првостепената пресуда и биле презентирани нови докази кои потврдуваат дека децата починале од генетска мутација која може да предизвика смрт.

Фолбиг отсекогаш тврдела дека е невина, но во 2003 година била осудена на 25 години затвор за убиството на нејзините четири деца. Секое дете умрело ненадејно во периодот меѓу 1989 и 1999 година, на возраст меѓу 19 дена и 19 месеци, а обвинителите на нејзиното судење тврделе дека таа ги задушила.

Обвинителите во претходните жалби и посебната истрага за случајот во 2019 година не нашле основа за разумно сомневање и им дале поголема тежина на посредните докази во првобитното судење на Фолбиг, пренесе „Би-Би-Си“.

Во новата истрага, предводена од пензионираниот судија Том Батурст, тие прифатиле дека истражувањето на генетските мутации го променил нивниот став за смртта на децата. Случајот на 55-годишната жена која поминала 25 години зад решетки е опишан како еден од најголемите неправди во Австралија.

Генералниот обвинител на Нов Јужен Велс, Мајкл Дејли, ја помилува Фолбиг, откако збирните наоди од истрагата на Батурст го потврдија разумното сомневање за секоја изречена казна.

Scroll to Top