Манекенка поминала низ скенер на аеродром: цариниците не можеле да поверуваат што има во нејзината глава

Манекенка од Тајван доживеала шок при безбедносната проверка на аеродромот, па решила да им ги открие деталите на своите обожаватели.

Фанг Киуан (36) е самопрогласен „фанатик за пластична хирургија“ со повеќе од 19 операции, а нејзината објава собра 1,3 милиони прегледи.

Фанг потрошила преку 250.000 долари на различни естетски зафати, вклучувајќи две операции на челото, пет на очните капаци, исто толку на носот, две на брадата…

Неодамна поминала низ скенер на аеродром, кога машината „засвирила“. Не ѝ било јасно што се случува, додека не било утврдено дека има неколку „туѓи предмети“ во главата, пренесува Њујорк Пост.

Така сфатила дека и останала хируршка завртка во брадата по операцијата пред осум години. Но, тоа не било се.

„На видеото се гледаат и завртките во носот“, рекла Фанг и додала дека „се чувствува како вуду кукла“.

Нејзините фанови останаа шокирани од фотографиите кои ги објави на Инстаграм.

„Ова е тешко за гледање“, напиша еден, а друг продолжи: „Еве што прават луѓето за убавина“.

Фанг откри дека закажала нова процедура за отстранување на металните предмети.

Scroll to Top