Министерството за одбрана на САД отвори сајт за неидентификувани феномени

Министерството за одбрана на САД отвори сајт на кој се наоѓаат јавно достапни информации за неидентификувани аномалиски феномени, unidentified anomalous phenomena – UAP, претходно познати како неидентификувани летечки објекти НЛО.

„Овој сајт треба да функционира како централна база на информации за решени случаи со фотографии и видеа откако од нив ќе се симне ознаката за тајност“, рече генерал Пет Рајдер, портпаролот на Пентагон.

„Си-ен-ен“ пренесе дека останатите содржини од сајтот вклучуваат разни извештаи и делови со често поставувани прашања, како и линкови од официјални извештаи, транскрипти, соопштнија за јавност и други извори, кои би можеле да ѝ бидат од корист на јавноста.

„Сакаме да бидеме транспарентни кон американскиот народ во врска со работата на AARO All Domain Anomaly Resolutin Office, Канцеларија за решавање на аномалии во сите домени“, рече Рајдер.

Сајтот ќе биде воден од AARO. Иако темата за неидентификуваните летечки објекти веќе долго време на интригира јанвоста, интересот за UAP уште повеќе порасна во јули годинава, кога три воени ветерани сведочеа пред Конгресот и рекоа дека владата не ги открила сите сознанија за мистериозните објекти.

„UAP, што и да претставува, може да претставуваат сериозна закана за војската и цивилните авиони. Треба да поттикнеме поголем број известувања за него, а не помалку. Што повеќе ќе разбереме за нив, толку повеќе ќе биде посигурни“, рече на сослушувањето демократскиот конгресмен Роберт Гарсија.

Во април годинава Пентагон соопшти дека следи повеќе од 650 потенцијални случаи за UAP. На сајтот AARO, посветен на UAP, е наведено дека тие засега не можат да се објаснат актерите и дека нивните активности засега не можат лесно да се разберат.

Според трендовите на извештаите на сајтот AARO, најчестото пријавување на карактеристиките на UAP се округли облици, големина меѓу еден и четири метри, проѕирни материјал или со сребрена боја и лет на висина од 3000 до 9000 метри.

Американските власти не пронашле убедливо објаснување за некои од случаите на UAP, додека други ги припишуваат на метеоролошките балони, дронови, но и птици, временски непогоди или ѓубре во воздухот.

 

 

Scroll to Top