Како што пишува еден теоретичар на завери, светот би требало да исчезне за неколку недели, пренесува Дејли Мејл. Христијанскиот нумеролог Давид Меаде, предупреди на можноста да џиновска мистериозна планета „Нибиру“, удри во Земјата.
Според неговата бизарна теорија, затемнувањето на сонцето кое се случи синоќа, сигналот е дека планетата, која никогаш не ја забележале научниците, ќе тргне во блиска средба кон Земјата.
Господин Меаде користи и неколку пасуси од Библијата за да ги потврди своите необични тврдења.
И покрај недостатокот на докази за овој таинствен скриен свет, за кој дури и НАСА ијзави дека е интернет измама, многу луѓе сепак веруваат дека се е вистина.
„Нибиру“ понекогаш се нарекува и „Планета X“, а многумина повеќе пати од 2003 година, се препирале дали тоа ќе значи крај на светот.
Претходно оваа година Меаде, тврдел дека „Нибиру“, ќе се судри со Земјата, откако истата ќе биде привлечена од гравитационото поле на нашата планета.
Сега теоретичарите на заговор го поместија датумот на „крајот на светот“ и означија дека на 21 август наводно ќе започне апокалипсата.
По затемнувањето таа планета ќе се сруши на Земјата и ќе се избрише животот од неа. Тоа според неговите прогнози се случува на 23 септември.