Трагите во пустините на Исток биле мистерија за британските пилоти

Британски пилоти биле првите кои на почетокот на 20 век од воздух забележале чудни линии во пустините во Израел, Јордан и Египет.

Се утврдило дека линиите се ниски камени ѕидови прво одвоени еден од друг, а потоа споени во делот кај кружните јами. На некои места во Јордан линиите обликувале синџири долги до 40 метри.

Најновото истражување на „пустинските ѕидови“ во источната пустина Синај го потврдило тоа во што многумина истражувачи веќе долго време се сомневале, дека се работи за своевидна замка. Ѕидовите всушност претставувале патоказ што ги насочувал газелите и другиот голем дивеч во јамите на смртта. Овие камени редови се стари  приближно 2400 години, а напуштени се од пред 2200 години.

„Истражувањата покажале дека изградбата на ѕидовите била многу понапредна отколку што претходно се мислело, а нивната употреба била многу разновидна“, изјавил Узи Авнер од Универзитетот „Бен Гурион“ во Израел.

„Воопшто нема сомнеж дека овие редови се градени за лов“, дополнил Увнер.

Одреден број истражувачи веруваат дека овие ѕидови служеле за заштита на татковината, но по дополнителните истражувања, ваквата теорија се покажала  неточна.

Интересно е што ѕидовите не се доволно високи за да ги блокираат животните, туку само да ги насочат стадата во одреден правец.

 

 

Со внимателно испитување на ѕидовите и миграциските патишта јасно може да се забележи дека пустинските ѕидови биле специјализирани за одредени видови животни. Пред 20 века регионот имал неколку различни видови газели и диви магарици.

„Употребата на овие ѕидови прекинала на почетокот на бронзениот период, најверојатно поради климатските промени и промената на начинот на живот“, изјавил Дани Нејд, истражувач од Универзитетот во Хаифи.

 

Scroll to Top