Младите сѐ повеќе и повеќе исчезнуваат од државата

Во последните 10 години во хрватските училишта бројката е намалена речиси за 70.000 деца.

Сите тие бројки на хартија се едно, но дури кога ќе се ѕирне во училиштата, се чувствуваат празнината во клупите, студенилото и тишината во училишните ходници.

Дури тогаш на луѓето им станува јасно колку Хрватите се сѐ поблиску до исчезнување, пишува ХРТ.

Луѓето си заминуваат, а тие што остануваат се борат за гола егзистенција, а како на никој во политичките гарнитури да не му е гајле за тоа.

Во Славонски Брод во училиштата во центарот на градот меѓу смените пред нив има само неколку ученици. Нивните врсници си заминаа на Запад, учителите остануваат во страв и неизвесност дека набргу ќе нема кого да подучуваат. Се чувствува апатија, но она што е уште полошо, се чувствуваат напуштени и оставени.

„Страшно е“

Приказната од Славонски Брод ја обработија новинарите од „ХРТ лабиринт“, кои предупредија на наведениот проблем.
„Немојте да ме прашувате како може да оди ова затоа што може да дојде до моите солзи. Таа тишина… Се слуша. Страшно е. Таму каде што треба да има 400 ученици, сега ги има 260. Ова се движи во толку лоша насока што овде никој нема да има работа.

Нема да има деца, а ако нема деца, зошто постои државата? Зошто работиме, зошто живееме?“, вели Јелена Ковра од основното училиште „Антун Михановиќ“ во Словенски Брод.

„Нема деца, едноставно, нема. Младите луѓе си заминаа, а нема ни родени деца“, велат од наставничкиот кадар од основните училишта во Славонски Брод.

Видете ја кратко содржината од емисијата „Хрватска во живо“ на оваа тема:

 

 

Scroll to Top