Поранешниот лидер на Либија Моамер Гадафи, му ја финансирал претседателската кампања на поранешниот француски претседател Никола Саркози, во 2007 година, пренесуваат светските медиуми. Саркози и официјално е обвинет за злосторсничко здружување во рамки на истрагата, која се води во моментот, за либанското финансирање на неговата кампања.
Поранешниот претседател веднаш реагирал на „Фејсбук“ потенцирајќи дека бил изненаден од ваквите обвинувања.
„Дознав за ова ново обвинувања и можам да кажам дека сум запрепастен“, изјавил Саркози, наведувајќи дека во неговиот случај, повторно не се зема во предвид претпоставката за невиност и се носат одлуки без да се покаже и најмал доказ за било какво нелегално финансирање.
Новото обвинение било издаденио во понеделникот и е четврто во предметот за Саркози кој вели дека е жртва на заговор. Тој уште во март 2018 година вели дека се води заговор против него, по обвиненијата за пасивна корупција, затскривање на проневерени јавни средства и илегално финансирање на кампањата.
„Секако дека се гледа дека стануа збор за одлука без преседан, во рамки на објавената истрага. Процедурата се развива по својот тек“, изјавил Венсан Бренгарт, адвокат на здружението за борба против корупција „Шерпа“, која е цивилна страна во овој предмет.
Обвинителите на 31. јануари го обвинија еден од неговите поранешни соработници, Тијериј Гобер, за злосторничко здружување.
Тој бил осоминчен за земање на средства кои потекнуваат од режимот на либанскиот лидер Моамер Гадафи и кои веројатно биле искористени во претседателската кампања на кандидатот на десницата во 2007 година.