Момче тврди дека патува низ времето и дека се вратил од 2030 година

Мистериозно момче по име Ноа минало низ детектор на лаги тврдејќи дека се вратил од иднината, поточно од 2030 година.

„Патникот низ време“ на полиграфското тестирање изјави дека Доналд Трамп ќе биде реизбран и дека вештачката интелигенција ќе има голем замав.

На јутјуб-каналот „Apex TV“ се појави снимка на која момчето тврди дека го ризикувал својот живот за да се врати во минатото, но вели дека неговата мисија е да ги запознае луѓето со тоа што ги очекува во иднина.

Ова се уште некои од неговите тврдења:

1. Технологијата ќе биде развиена до таа мера што ќе биде способна самостојно да се грижи за домаќинството.

2. Биткоинот ќе биде неверојатно популарен, но пенито и центот и понатаму ќе бидат во употреба.

3. Во 2030 година претседател на Америка ќе биде мистериозно суштество со име Илан Ремики.

4. Луѓето ќе стигнат на Марс во 2028 година, а тогаш ќе биде откриено и патувањето низ времето.

5. Електричните автомобили ќе бидат подеднакво брзи како и денешните возила на бензин и дизел.

Во претходното интервју за сајтот Paranormal ELite на крајот на минатата година изјави дека страда од депресија и анорексија. Тогаш изјавил дека има 50 години, но и дека поради лекот што  го земал, сега изгледа како да има 25.

Сајтот Paranormal Elite тогаш добил телефонски повик од човек кој тврдел дека дошол од 2021 година. Како што тогаш навеле, тој тврдел дека работел на таен владин проект и дека сега живее во Јужна Америка, како и дека стравува дека ќе биде убиен поради сè што знае.

За да го заштити својот идентитет,  се согласил да го викаат Ноа.

„Фала што ме послушавте. Ви посакувам најдобра иднина, збогум и среќно“, изјави тој на крајот на снимката.

Вели дека е свесен дека на себе навлекол еден куп  скепици и дека поради тоа прифатил неговото тестирање на полиграф да се сними.

Видете:

 

 

 

Scroll to Top