Му било побарано да ги жртвува децата на една забава на илуминатите

Холандски банкар Роналд Бернард јавно проговорил дека му било побарано да ги жртвува децата на забавата што ја организирале илуминатите.

Тој го опишал своето искуство за банкарските илуминати во јавно ТВ-интервју во кое Роналд споделил податоци за начинот на кој тие користат детски жртви за тестирање и уценување на своите членови.

„Бев предупреден кога влегував во таквото друштво. Да не се впуштам во вакво нешто доколку не сум подготвен да ја замрзнам совеста. Се сеќавам како се насмевнав на тоа. Бев тестиран да станам психопат, но не успеав во тоа“, изјавил Роналд.

Опишувајќи ги моментите што ги доживувал со своите колеги банкари, тој се присетувал на неколку случаи, во кои некои од луѓето со кои соработувал извршиле и самоубиства не можејќи да ги продолжат своите бизниси токму поради нив.

„Знаете ли дека еден од сопствениците на компанијата изврши самоубиство и го остави семејството“, се присетува Роналд на некои од средбите велејќи дека додека ги раскажувале приказните со колегите, сите се смееле како да станува збор за безвредно ѓубре, а не за човечки животи.

„Ги гледавме луѓето од горе, како да се производ, отпад, како безвредно ѓубре. Природата, планетата, сѐ можеше да изгори, да се скрши. Сите ги третиравме како бескорисни паразити“, вели Роналд.

Гледајте го видеото во продолжение:

 

 

Scroll to Top