На 95 отсто од светската популација животот им е загрозен поради загадениот воздух

Повеќе од 95 отсто од светската популација дишат опасно загаден воздух. Луѓето во земјите во развој се во двојно поголема опасност затоа што загадениот воздух го дишат и надвор, но и внатре во своите домови.

Кризата со загадениот воздух стигна во центарот за вниманието кога се спроведеа прецизни мерења. Загадениот воздух предизвикал смрт на 6,1 милиони лица во 2016 година. Надворешниот воздух предничи со тоа што е одговорен за загубата на 4,1 милиони човечки животи. Ова го покажала студијата направена од страна на институтот Health Effects (HEI).

Проблемот дополнително се влошува бидејќи светската популација забрзано се преселува во урбаните подрачја. На светско ниво бројот на смртност предизвикан од загадениот воздух е зголемен 19,5 отсто, односно згаснале 3,3 милиони животи во 1990 година.

Тоа значи дека загадениот воздух е четврта најголема причина на смртност, а пред него се високиот крвен притисок, дебелеењето и пушењето.

Во студијата е користена технологија, како што се сателитите што ги надгледуваат подрачјата на загаденост, со цел да се дојде до податоци за влијанието на загадениот воздух во светот.

Загадениот воздух е сложена мешавина на честички и гасови, кои се разликуваат од подрачје до подрачје. Па, дури и кога се наоѓаат во ист град. Честичката (particul matter – PМ2,5) е мерката што се користи како главен индикатор за нивото на загадување.

Околу седум милијарди луѓе, односно речиси 95 отсто од вкупната светска популација, живеат во подрачјата во кои количината ситни честички ја надминуваат препораката на Светската здравствена организација, а 60 отсто од населението живеат во подрачја каде што количината фини честички ги надминува и најниските цели што ги има поставено Светската здравствена организација.

Проблемот е најизразен во Азија затоа што во Индија и Кина забележани се дури 51 отсто од вкупниот број починати од отровен воздух.

Во студијата се вклучени и специјални истражувања, кои имале цел да утврдат која е причината за толку загадениот воздух во овие две земји.

Во Кина загадувањето најчесто доаѓа од палење на јагленот за индустријата, електричната енергија и греењето на домовите, по што доаѓа транспортот, греењето на домовите на биомаса, индустријата што не користи јаглен и на крајот земјоделството.

Во Индија најголемиот дел од загадувањето на отпадот e од греењето на домовите со биомаса, како и од согорувањето јаглен.

Студијата особено се занимава со влијанието на загадувањето внатре во домовите и нагласува дека третина од светската популација е изложена на лош воздух во домовите, каде што фините честички ги надминуваат дозволените параметри, дури 20 пати.

И покрај лошата општа слика, квалитетот на воздухот во Кина малку по малку се подобрува во последните години затоа што владата ја ограничила употребата на јаглен. Наспроти тоа, квалитетот на воздухот во последните години значително е влошен во Пакистан, Бангледаш и во Индија.

„Загадениот воздух зема сериозен замав кај светската популација и го им го оневозможува дишењето на оние со респираторни проблеми. Без разлика дали се млади или стари во болниците, предизвикува отсуства од работа и од училиште и доведува до прерана смрт“, вели Боб О’Киф, потпретседателот на институтот Health Effects.

„Иако некои делови во светот покажуваат напредок, пред нас има уште многу работа за да ја отстраниме оваа закана“, додал тој.

 

 

 

 

Scroll to Top