На Америка ѝ се заканува граѓанска војна, ако некој од кандидатите за претседател не ги признае изборите, стои во најновиот извештај кој го направила транснационалната невладина организација International Crisis Group, IGC.
Експерти од оваа организација го следат развојот на насилство ширум светот и ја следат ситуацијата во воените зони и земјите кои се на работ на функционалноста. Тие издадоа предупредување без преседан во пресрет на американските претседателски избори.
Во извештајот од 30 страници ICG тврди дека претходно непозната опасност им се заканувала на силно поларизираните Соединети Американски Држави.
„Иако Американците се навикнати на одреден степен на омраза и нетрпеливост во овие кампањи, кои се случуваат на секои четири години, досега се немаат најдено во ситуација еден од кандидатите за претседател или самиот претседател да ги отфрли изборните резултати или каде би можело да дојде до вооружено насилство“, се наведува во соопштението на ICG.
ICG наведува дека насилството на денот на изборите и околу него би можело да биде последица на ширењето на лагите и говорот на омраза на интернет. Експертите од ICG за тоа го обвинуваат американскиот претседател Доналд Трамп и велат дека неговата токсична реторика и подготвеност да влезе во конфликт за лично да профитира е без преседан во модерната американска историја.
Трамп за време на претседателската кампања ги отфрли сите облици на насилство, но не ги осуди насилните крајни десничарски организации и не ги спречи политичарите кои ги смета за свои непријатели да се почастат со неговите непримерни изјави.
ICG пишува дека уште нема одговор на прашањето за тоа дали Трамп ја користел својата моќ за да го намали ризикот од насилство. ICG во извештајот вели дека повикот на Трамп војската да излезе на улици и да глуми набљудувач и да го следи текот на избирачкиот процес на избирачките места би можел да придонесе за насилство.
„Употребата на зборот војна на Трамп ја поттикнува желбата на неговите приврзаници, кои не знаат како да ја извршат должноста на набљудувачи на избирачките места и да спречат понатамошно делување против демократските гласачи“, е наведено во извештајот.
Експертите на ICG истакнуваат дека преиспитувањето на Трамп на законитоста на гласањето преку пошта би можело да доведе до избивање на насилство, особено ако изборниот резултат не се знае веднаш или ако се оспори.
„Трамп веќе почне да го подметнува сомнежот дека гласањето може да доведе до измами, а исто така се обидува да го делегитимизира броењето на гласовите по затворањето на избирачките места“, додале од ICG.
Полициската управа ширум САД се подготвува за нереди. Полицијата во Лос Анџелес испрати свои луѓе на дополнителна обука, каде вежбале контрола на големи групи на луѓе, за да им помогнат на полициските служби во изведување акции.
Еден полициски офицер изјавил дека никогаш не бил сведок на такви подготовки за изборите. Њујоршката полиција веќе распоредила свои луѓе на клучните пунктови за да им бидат на услуга на граѓаните кои ќе гласаат на 3 ноември.
Некои сопственици на трговски центри во Њујорк очекуваат нереди и ставија дрвени штици на прозорците за да се заштитат. Шефот на полицијата, Дермот Шо, изјавил дека полицијата на никого од нив не укажала да го направи тоа. Граѓаните постојано ги прашуваат за овие теми.
Си-ен-ен пишува дека во разговорите со шефовите на полицијата во сите држави дознале дека многумина од нив се подготвуваат за нереди поврзани со изборите.
Во својот извештај, ICG исто така наведува дека конфликтите можат да се избегнат и со обезбедување интегритет на претседателските избори.
На пример, ICG ги поттикнува властите на сојузно и локално ниво да подучуваат за алатките кои можат да се искористат во борбата против застрашувањето на избирачите и на одржување на редот во отворените избирачки места во случај на задушување или други обиди на попречување на изборниот процес.
ICG исто така наведува дека медиумите и социјалните мрежи играат важна улога во осигурувањето на ширењето дезинформации, за да не дојде до насилни испади.
„Традиционалните и социјални медиуми мораат да бидат особено внимателни да не го прогласат победникот пред време, затоа што таквите објави можат да ги доведат во прашање изборните резултати. Прогласувањето на победникот на изборите може да биде уште поштетно, ако објавата мора да се промени“, е наведено во извештајот.
Експертите од ICG велат дека ова мора посебно да се земе предвид во сојузните држави во кои победникот не е познат сè до моментот кога ќе се пребројат сите гласови.
„Твитер“ неодамна објави дека корисниците, вклучувајќи ги и политичките кандидати и актерите, нема да можат да ја прогласат победата на изборите, а претходно да не биде објавено официјално соопштение од официјалните лица на сојузните држави или од националните медиуми кои имаат овластување за такво нешто.
ICG исто така наведува дека владите во други држави исто така се одговорни за спречување на насилствата во САД и предупредува да не се прогласува победникот пред тоа да го направи државата. Во извештајот исто така може да се прочита дека Американците не ги слушаат често истражувачите кои ги надгледуваат ситуациите во земјите во развој или оние кои се на работ на отворен конфликт.
„Странските лидери треба да ги поттикнат своите американски колеги да се придржуваат до демократските норми“, пишува ICG.