64-годишниот актер, Хју Грант, им се придружи на бројни познати личности на трибините за време на натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Флавио Коболи, објавува „Ситимагазин“.
Камерата на „Би-би-си“ го сними моментот кога Хју кратко дремеше – само неколку минути откако разговараше со кралицата Камила. Гледачите беа воодушевени кога го видоа на екранот.
Hugh Grant is taking one of the most expensive naps in human history right now pic.twitter.com/4OydHpEr4S
— BetMGM 🦁 (@BetMGM) July 9, 2025
Пред да заспие, Грант беше во одлично расположение. Со насмевка на лицето, разговараше со кралицата.
Секако, видеото на кое Хју Грант спие брзо стана вирално на „Икс“, а шегите едноставно не престануваат.
„Нека го разбуди некој Грант“, „Хју Грант спие на тенис лол“, „Најскапата дремка во историјата“ се само дел од коментарите од гледачите.