Три лица се уапсени и осомничени за падот на кабината на жичарата во Северна Италија, пишува агенцијата „Анса“. Во несреќата која се случи во неделата загинаа 14 лица, а преживеа само едно петгодишно дете, кое веднаш било пренесено во болница.
Малиот Ејтан сè уште се наоѓа во животна опасност. Главниот виновник, како што пишуваат медиумите бил човечки фактор, а ситната алчност и негрижата биле главниот мотив за да дојде до ваквата страшна несреќа.
По 12 часовно испрашување, бил уапсен сопственикот на фирмата која управува со жичарата, како и сите извршни технички директори.
Истражувачите се фокусирале на две важни прашања. Зошто се скинало јажето за влечење и зошто безбедносната сопирачка на тркалата, на кои се возат кабините на жичарницата на потпорното јаже, не била активирана веднаш.
Новинарите кои стигнале први на местото на несреќата, забележале дека на безбедносната кочница на паднатата кабина, била оставена „вилушка“, која служи за механичко деактивирање на безбедносната кочина.
Со оваа направа кочницата се деактивира навечер, по крајот на возењето, па на тој начин кабината може физички да се турка и да се маневрира со неа, без моторен погон.
Но, вилушката мора да биде отстранета пред пуштањето на жичарата во погон, за да може безбедносната кочница, во случај на потреба, да биде активирана и на тој начин да го спречи движењето на кабината.
Законот одредува дека „вилушката“, мора да биде со црвена боја, за да биде јасно видлива. Истрагата се фокусирала на тој детал. Кој ја оставил „вилушката“ во кочницата и зошто?
Истрагата ја координирале републичкиот обвинител во Вербанији, Олимпиа Боси и обвинителот Лора Карера, а ја спроведувале карабиниерите и судската полиција.
По дванаесет часа непрекинато расчистување на случајот, било забележано дека одговорните полека ја утврдуваат одговорноста кон одредени лица. По полноќ пристигнал сопственикот на железницата Мотарон, Луиџи Нерини, на кого подоцна му се придружил и адвокатот.
Пасквале Пантано, ги застапувал неговите интереси.
Боси заклучил дека „вилушката“ е оставена намерно, за да не се прекине движењето на жичарницата, во тој сончев ден кога имало голем број туристи.
Претходните денови имало чести доцнења во работењето на жичарницата поради активирање на безбедносните кочници. Одложувањата почнале штом жичарницата била рестартирана на крајот на април, по пауза заради пандемијата „ковид-19“.
Поради последниот ваков прекин, жичарницата била запрена половина час, доцна во саботата попладне. Од железницата „Мотарон“, последен пат побарале техничка услуга, на 3. мај.
Убедени дека јажето за влечење, кое последен пат магнетски било прегледано пред шест месеци, нема да се скрши, директорот и техничкиот супервизор, со согласност на сопственикот, превзеле ризик, што, според истражителите, за жал, довело до повеќе смртни случаи.
Пукањето на јажето за влечење е многу редок инцидент. Ова во Стреза е трет ваков случај во последните шеесет години, земајќи ги предвид сите 1.744 лифтови, колку што моментално функционираат во Италија.
Петгодишното мочме Ејтан, кое е единственото кое ја преживеало несреќата, останало без родителите, помладиот двегодишен брат, прабабата и прадедото.
Тој има скршеници на черепот и ногата, а директорот на болницата изјавил дека никој на почетокот не контактирал за да се распраша за него.
Лекарите сметало дека и другите членови од неговото семејство биле во жичарницата. Дури во вечерните чаосви неговата тетка Аја Биран дошла пред болницата во Торино, откако слушнала дека еден од нејзините внуци преживеал.
Таа изјавила дека на почетокот не знаела дека нејзиниот внук е единствениот кој ја преживеал несреќата. „Кога го видов неговото име на списокот на жртви, помисливме дека тој е пренесен во болницата во Торино“, изјавила таа.
Во страшната несреќа настрадаа вкупно пет семејства, две од Ломбардија, едно со живеалиште во Емилија Романа, едно во Калабрија и семејство со израелско потекло кое живеело во Павија.