Мексиканските нарко картели? Колумбиските картели?
Авганистанските лордови макроа? Улични посредници? Улични дилери? Се шегувате? Тие се е ситна риба. Погледнете ги професионалците, крупните риби.
Списанието „Medical News Today“ на 22 јуни 2013 година, објави: „Повеќето Американци се на пропишани лекови“, „7 од секои 10 Американци се лечат на рецепт, а повеќе од половината граѓани во земјата земаат најмалку два лека на рецепт, се наведува во анализата која ја спроведе клиниката „Mayo“ и истражувачите од Olmsted Медицинскиот Центар“.
Тоа се 210 милиони мажи, жени и деца – кои се „закачени“. Нешто за што нарко картелите можат само да сонуваат.
Најчестите користени медицински лекови? По ред: антибиотици, антидепресиви и опијати. Последните два лека укажуваат на тоа дека Американците се обидуваат да ја променат својата состојба на умот и да ја убијат блката со помош на човекот во бел капут; уличниот дилер е далеку, далеку зад него.
Еве интересен цитат од „Medical News-а:“… речиси една четвртина од жените меѓу 50 и 64 години земаат антидепресиви…“ Фармацевските нарко картели, се разбира, ја искористуваат таа неповолна положба. „Дилерите во Бели капути“, се поддржани од страна на владата, осигурителните друштва, медицинските заедници, медицинските списанија, Wall Street, банките, фармацевските компании, медиумите, медицинските школи, болниците, и големите фондации.
Тоа е вистинско натпреварување. Што уличните картели ќе направат по тоа прашање? Ќе ја угаснат продажбата на луѓето? Поѓаволите, сигурен сум дека некои од мексиканските и колумбиските нарко шефови имаат свои лекари и земаат „Zoloft“ и „Paxil“ самите.
Цитатите од вториот текст на „Medical News Today“, известуваат дека во 2011 година, дошло до скромно зголемување на бројот на рецепти за лекови издадени во САД.
Зголемувањето донело до вкупна бројка од 4.020.000.000
Да, во 2011 година лекарите препишале вкупно 4.020.000.000 рецепти за лекови во Америка.
Тоа во просек е околу 13 рецепти на секој човек, жена и дете за година дена.
Тоа е отприлика еден нов рецепт на секој месец за секој Американец.
„Medical News Today заклучи“,… индустријата треба да биде охрабрена поради растот на бројот на рецепти и потрошувачката. Да, сигурни сме дека индустријата на лекови излегува од тапите на шампањот.
Говориме за лекови на рецепт овде. Ние не говориме за бројот на таблети кои Американците ги земаат годишно. Овде не ги сметамее лековите „над пултот“, кои можат слободно да се купат.
„Farmakopoeia“, саемот во 2011 година е одржан во Британскиот музеј, и се проценува дека „просечниот број на таблети кои лицето ги зима во својот сопствен живот во Велика Британија е преку 14.000. Тоа е резултат на лековите на рецепт. Вклучувајќи ги и лековите над пултот, 14.000 парчиња таблети можат да пораснат до 40.000 таблети колку што просечниот човек може да ги земе за цел живот.
Ние во потрагата на врвниот тројански коњ, кој трули од внатре од Америка, во другите индустријализирани земји. Војни, или без војни, економската депривација, економскиот просперитет, лековите и понатаму си ја работат својата работа, ослабуваат, го нарушуваат и терминираат животот.
Многу извори можат да се цитираат за да ја потврдат оваа проценка.
На 8 јануари, 2001 година, LA Times објави текст од авторката Линда Марс: „Кога добрите лекови наштетуваат“. Таа го цитираше истражувањето на доктор Давид Батес, кое покажа дека во САД има 36 милиони сериозни нуспојави на медицински лекови на годишно ниво.
На 26 јули 2000 година, Journal of American Medical Association објави запрепастувачка проценка на штетата на медицинските лекови во историјата: „Дали американскиот здравствен систем навистина е најдобар на светот?“, Автор е доктор Барбара Старфилд, од јавноста почитуван, здравствен начучник на Универзитетот „Johns Hopkins School of Public Health“.
Таа заклучи од истражувањата дека медицинските лекови убиваат Американци по стапка од 106.000 годишно. Тоа е повеќе од милион мртви на десет години.
(За разлика од тоа, „Wall St. Journal“ извештајот е 3.094 смртни случаи од предозирање со хероин во 2010 година).
Таа ни дава конзервативна скица од тројанскиот коњ, кој е поставен во средиштето на индустријализираниот свет.
Уништувањето на друштвото од страна на медицинсктие лекови оди чекор понатаму, од она што некои луѓе го нарекуваат „прекумерно пропишување на лекови на рецепт“. Тоа не е само движење во погрешен правец. Тоа не е само грешка во пресудата, составена од страна на бројни лекари кои ги распишуваат лековите.
Тие се љубезни изрази и укажуваат дека ситуацијата може да се исправи низ покажување на добра воља и разум. Тоа никогаш нема да се случи.
Земјата буквално е нападната од страна на фармацевските компании и нивните војниици и лекари. Тоа е хемиска војна.
Да, дури и ќе почнете да го гледате светлото на крајот од тунелот, а стотина милиони луѓе ќе мораат да се додадат на листата на оние кои веќе го следат здравиот живот низ природните средства.
Дури ни најлошите диктатори и масовни убијци во историјата не сонувале за денот кога граѓаните ќе бидат построени и ќе бараат се повеќе и повеќе хемикалии кои им ги уништуваат животите.