НАСА: Месечината се намалува, регистрирани се потреси и пукање на кората

Научниците од НАСА забележале дека во последните десет години Месечината драстично се оладила и собрала. Процесот на собирање го споредиле со зрно грозје. Тие велат дека забележале на земјиниот сателит големи потреси.

Карпите што претходно испукале оставиле трага по целата површина, а новите податоци од мисијата на НАСА покажуваат дека и денеска се случуваат потреси низ целиот сателит. Научниците го споредиле овој процес со начинот на кој зрното грозје постепено создава линии додека се лади.

За разлика од обвивката на грозјето, кората на Месечината не може да се растегне. Таа е тврда и во процесот на собирања истата се распаѓа. Во процесот на намалување, кората се поместува и се формираат необични карпи кои се видливи на површината. Карпите се високи и долги по неколку километри.

Новите истражувања се овозможени благодарение на  алгоритми со кои се обработуваат сеизмичките податоци од шеесеттите и седумдесеттите години. Тоа им помогнало на научниците во расветлување на потресите и откривање од каде истите потекнуваат.

Податоците од регенерираните локации научниците ги споредиле со фотографии направени од лунарниот извидувачки орбитер на НАСА во 2010 година. Научниците на НАСА утврдиле дека најмалите осум потреси настанале од поместувањето на плочите под површината на Месечината, а не од удари на астероид.

Ова е потврда дека Месечината доживува вистинска тектонска активност, велат научниците од НАСА.

Инструментите што ги оставил тимот на астронаути на Apolo 11, во периодот од 1969 година до 1977 година, забележале 28 различни потреси. Тресењата се случувале кога Месечината се наоѓала на најодалечената точка од Земјата. Научниците велат дека  земјината гравитација е таа која ја оштетува кората на Месечината.

Научниците се надеваат дека сега ќе успеат да се вратат на Месечината и да откријат каква е ситуацијата денес.

 

 

Scroll to Top