Во извештајот на Парламентарното собрание на НАТО, случајно се појавија информации за точните места каде се чува американското нуклеарно оружје.
Овој извештај е објавен уште во април под името „Новата ера на нуклеарната превенција?“, но набрзо по излегувањето во јавноста, истиот е избришан, бидејќи во него се зборува каде точно се лоцирани околу 150 нуклеарни боеви глави низ Европа, пишува „Вашингтон пост“.
Станува збор за шест локации, тоа се шест воени бази: Клајн Брогел во Белгија, Буел во Германија, Авијано и Геди-Торе во Италија, Вокел во Холандија и Инџирлик во Турција.
Американскиот весник наведува дека минатата недела објавена е и конечна верзија на извештајот. Овој пат без локациите на американските нуклеарни ракети.
Неименуван извор од НАТО, изјавил дека ова не е официјален документ на Алијансата.