Теоретичарите на заговор уште еднаш покажаа дека имаат прилично бујна фантазија со тврдењето дека животот на познатиот физичар Стивен Хокинг во последните 30 години е една голема измама.
Теоријата почнала да се шири на социјалните мрежи по вестите дека Хокинг го прославил 76. роденден.
Приврзаниците на оваа теорија сметаат дека познатиот теоретски физичар умрел во раните осумдесетти години и дека е заменет со двојник.
Авторот на оваа теорија, Мајлс Матис, вели дека тој заклучок дошол со детаљна анализа на лицето и забите на Стивен Хокинг од неговите стари и нови фотографии.
Research Stephen Hawking. He’s been dead for decades. That guy playing Hawking today is a double. They are fooling you and millions of people. Try to contact Hawking directly. You’ll have a pretty hard time even booking an interview with him because he’s a puppet. pic.twitter.com/WOzh4wLf85
— Ralph Serr (@Flying_Emeralds) 8 January 2018
Матис наведува дека новиот Хокинг ни одблиску не личи на тој стариот.
„Тоа не е ништо чудно ако се земе предвид дека Хокинг боледува од амиотрофична латерална склероза, од која во просек се умира за четири години. Невозможно е да живее 52 години со оваа болест“, објаснува Матис.
„Тоа е како да кажете дека некој може да претрча 100 метри за 9,8 секунди, а Јусеин Болт дојде и го претрча истото растојание за 4,5 секунди. Статистички, тоа не е возможно“, додал тој.
Матис, сепак, признал дека нема никаков доказ за своите тврдења, но наведува дека дошол до нови докази што упатуваат на тоа дека и двојникот на Хокинг е мртов и дека тоа што денеска го гледаме е само еден холограм.
Познатите теоретичари на заговор сметаат дека гласот на Хокинг го користи НАСА, која испраќа порака наместо физичарот.