Научници ја решија мистеријата со Бермудскиот триаголник, а морнарицата на САД ги демантира

Мистериозното море околу Бермудскиот триаголник е виновен зошто компасите во таа област секогаш покажуваат на географскиот, а не магнетниот северен пол. Морето наводно се наоѓа над имагинарната линија, каде вистинскиот географски север и магнетен север се наоѓаат во совршено прамнување.

Мангнтниот северен пол постојано се менува и се наоѓа на 1800 километри јужно од статичиот географски северен пол. Астрономот Едмунд Хејли забележал дека линијата на порамнување, полека се движи кон запад, предизвикувајќи магнетно пореметување.

Од публикацијата „Природни ресурси на Канада“, велат дека иглата во компасите најчесто покажува приближно на север, на поголемиот дел од земјината површина. Но, поради сложениот облик на земјеното магнетно поле, постојат неколку места на кои иглата во компасот би покажувала точно на север.

Стрелката на компасот во Бермудскиот триаголник се согласува со хоризонталната компонента на магнетното поле, во правец кој се нарекува магнетен север. Од друга страна вистинскиот север, географскиот, е насока од одредена локација до северниот географски пол.

Ваквите докази укажуваат на тоа дека изгубените бродови и авиони се направени само поради човечка грешка. Пилотите и капетаните не ги земале во предвид неисправните очитувања на компасот. Од Националната управа за океани и атмосфера, ги демантирале ваквите наводи во енциклопедијата „Британика“.

„Нема докази дека мистериозните исчезнувања се јавуваат со уште повисока фреквенција во Бермудскиот триаголник, отколку во која било друга голема океанска област со многу бродови”, велат од Националната управа за океани и атмосфера.

„Неточни се тврдењата дека Бермудскиот триаголник е едно од двете места на Земјата, каде магнетниот компас покажува правец кон север“, истакнуваат од Морнарицата на САД.

„Компасот во тој предел обично покажува кон магнетниот север. Разликата меѓу нив е позната како варијација на компасот. Иако во минатото оваа варијација на компасот влијаела на регионот кај Бермудскиот триаголник, поради флуктуацијата во магнетното поле на Земјата, тоа очигледно не е случај од 19 век“, велат од морнарица.

Scroll to Top