Не можеа да молчат повеќе, јавно го обвинија Сорос дека ги плаќал демонстрантите по 200 долари од човек

Повеќе републикански официјални претставници во Тексас, го обвинија јавно Џорџ Сорос дека стои зад протестите во САД. Тие на социјалните мрежи објавија постови во кои јавно обелоденија кои ги финансира протестите и насилните демонстрации кои се случија по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, од страна на полицијата во Минеаполис.

„Тексас Трибјун“ објави дека Су Пинер, претставникот на Републиканската партија во округот Комал, минатата недела на својот „Фејсбук“ споделила пост со фотографија на Сорос и текст: „Ја плаќам белата полиција за убиство на црнци. А, потоа плаќам црнци да се бунтуваат затоа што расните војни ги држат овците во строј“.

Сид Милер, комесар од Тексас за земјоделие, исто така во повеќе наврати објавувал за Сорос, особено во последните две недели. На 31. мај, тој напишал дека демонстрантите се домашни терористи кои Џорџ Сорос ги организирал и ги платил за да ја поделат Америка.

Лин Тејнерт, претставник на партијата во округот Шакелфорд, споделила фотографија од Сорос со текст: „Пандемијата не функционира. Започнете расна војна“.

Уште три републикански претседатели од окрузите, споделиле оглас во кои тврдат дека Сорос плаќа по 200 долари за секој кој ќе се пријави како професионален анархист. „Фејсбук“ фотографиите ги означил како лажни на целата платформа.

„Ова го прават со години“, изјавил Аби Рахман, портпаролот на Тексашката демократска партија.

„Сега луѓето почнуваат да гледаат со какви теории на заговор тие се занимаваат, гледаат колку се одвратни и одбивни“, напишал тој.

Тексашкиот гувернер Грег Абот, минатата недела повика две републикански преседателки од округот да поднесат оставка поради размената на теории на заговор за протестите. И претседателот на државната Републиканска партија, изјавил во петокот дека пет официјални лица, кои ширеле такви теории, би требало да поднесат оставка.

Тој објаснил дека нивните коментари не ги одржуваат вредностите на партијата. Според него, клеветите односно агресивниот јазик кон Сорос експлодирал на социјалните мрежи, откако се случија протестите против смртта на Флојд и се раширија низ целата земја.

Негативните твитови за милијардерот од 26. до 30 мај, пораснале од 20.000 на 500.000 во еден ден.

 

Scroll to Top