Ни се заканува нова ледена доба

Новото истражување на научниците за нашето погубно влијание на климатските промени покажува дека не очекува многу посилна зима од досегашните.

Голфската струја, која е клучна за временските услови на Земјата, е најслаба во последните 1.600 години, утврдиле научници кои предупредуваат дека доколку се продолжи со ова темпо, нѐ очекува голема ледена доба.

Топлата атлантска струја е поврзана со силните и нагли промени на климата во минатото, пренесува магазинот „Природа“.

Загрозени градови 

Истражувањата покажале дека голфската струја денеска 15 отсто е побавна отколку што била пред 400 години, што е јасен доказ дека луѓето имаат погубно влијание врз климата.

Што претставува голфската струја

Струјата позната и како атлантска мердијална циркулација носи топла вода на север, кон Северниот Пол. Водата таму се лади, станува густа и тоне на дното, па се враќа кон југот. Глобалното затоплување му попречува на ладењето на водата, а ледот од Арктикот, кој се топи, ја преплавува површината со слатка вода, нешто што предизвикува слабеење на голфската струја.

Падот на температурите

За време на последната ледена доба промената во голфската струја доведува до промена на температурите во зимата меѓу пет и 10 степени, нешто што предизвикува големи последици на времето над континентите Северна Америка и Европа.

Како на филмот „Ден после утре“

Филмот од 2004 година „Ден после утре“ прикажува нагло забавување на голфската струја и страшни последици што таа може да ги предизвика. Филмот се темели на научни факти кои се прикажани како точни, вели доктор Торнали.

„Филмот во некои работи претерува. Промените се случуваат за само неколку недели или денови и се многу екстремни. Вистината е дека во минатото забавувањето на голфската струја се случило во период од неколку години.

 

 

 

 

 

Scroll to Top