Голем број теоретичари на заговор повторно кренаа прав откако ја видоа снимката на социјалните мрежи на која се гледа движењето на возилото на НАСА, LRV. На снимката недостигаат неколку секунди, а возилото во тој период изгледа како да го менува курсот.
Теоретичарите на заговор уште еднаш јавно го посочија ова како уште еден доказ дека слетувањето на Месечината е лажирано од страна на НАСА.
Според НАСА, LRV возилото било користено во последните три мисии на програмата на Аполо во 1971 и во 1972 година.
Теоретичарите на заговор велат дека екипата морала да го турка возилото и да скока пред камерата за да го раздвижи „кабриолетот“.
Некои од читателите сметаат дека тоа претставува 100% доказ дека бил користен и фотошоп со цел да се отстранат деловите кои јасно покажуваат дека целата работа е изведена во студио, и истите да се сокријат од очите на јавноста.
Теоретичарите на заговор исто така тврдат дека правта и нечистотијата кои се дигаат од движењето на возилото летале премногу брзо и не реагирале соодветно на гравитационата сила на Месечината.
Правта требало многу побавно да паѓа, а помали честички требало да лебдат и по неколку минути. Место тоа, сите нечистотии исчезнувале само за неколку секунди.
Едноставно правта од врвот на тркалото веднаш се спуштала.
Голем дел од јавноста смета дека измамата за слетувањето на Месечината од страна на Нил Армстронг бил очаен обид на Американците, на чело со претседателот Џон Кенеди, да ги победат Русите во вселенската трка. Кенеди наредил производство на серија филмови, кои требало да бидат направени со цел да му пренесат на светот дека астронаутите на НАСА први стигнале на површината на Месечината.