Нуркачи ангажирани да ја истражат смртта на 20 годишната Австријка Верена Хајнц, ја пронашле откинатата десна потколеница на 10 метри оддалеченост од плажата на островот Крк во Хрватска.
Верена минатата недела почина од повредите здобиени по ударот на глисер, на кој му било забрането да плови во тоа подрачје. Нуркачите го проверувале теренот меѓу 100 до 150 метри од брегот, во радиус од десет метри.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, нуркачкиот појас со тегови засега не е пронајден, па се претпоставува дека маската и пераите, со струењето на водата, ја промениле својата позиција од местото на несреќата.
Појасот би претставувал клучен доказ, затоа што се претпоставува дека тој потонал на точното место каде се случила несреќата, што би ја покажало и потврдило оддалеченоста од брегот, каде биле туристите и глисерот.
Истрагата за целиот случај сеуште трае. Неофицијано, лицето Задранин (26) со глисерот од брендот Enco, кој служи за влечење на падобрани, налетал на Верена на отприлика околу 400 метри од брегот. Задранин не бил пијан, а со него имало и совозач.
Сепак, таткото на Верена тврди дека тие биле на многу помала оддалеченост од брегот, поради што ги обвинил истражителите за пристрасност во целиот случај.
Поради неразјаснети околнсти, Задранин засега не е осомничен за предизвиканата несреќа и тој до ден денес е на слобода.
Хрватските власти сакаaт да го прикријат случајот со убиената девојка од Австрија