Планетата во блиска иднина би можела да биде се соочи со изумирање на околу милион растителни и животински видови. Ова предупредување стои во новиот нацрт извештај на Обединетите нации кои предупредуваат дека човекот е директен причинител за ваквата состојба.
Исчезнувањето на животинскиот и растителен вид за многу краток рок, е наречено во извештајот како шесто масовно изумирање. Масовното изумирање во минатото било предизвикано од катаклизмички настан од големи размери, како удар од големи астероиди или масовни вулкански ерупции. Сега како причина се јавува човекот.
Според нацрт извештајот на Обединетите нации, загрозени се четвртина од сите познати видови на билки и животни. Како најважни причини за уништувањето кои и се закануваат на нашата планета, се наведуваат потребите на човекот за енергија и храна.
Во извештајот се наведени претераното користење на ресурсите, сечата на шумите, криволовот, и емисијата на фосилните горива. Четвртина од сите познати видови на билки и животни веќе е загрозена, а размерите од нивното исчезнување е забрзано за десет или сто пати во просек, во однос на последните 10 милиони години.
Извештајот, кој е напишан на 1800 страници во период од три години, е направен од меѓународното тело Intergovernmental Science-Policy Platform on Biodiversity and Ecosystem Services (IPBES).
Извештајот се базира на повеќе од 15.000 академски трудови и истражувања, а една од клучните идеи е да се предупредат политичарите за начините на борба против климатските промени.
Минатата недела авторите го претставиле извештајот на состанок во Париз, со претставници на владите од повеќе од 130 држави. Според извештајот, околу 75% од копното, околу 50% од реките и езерата, како и околу 40% од сите мориња и океани, веќе покажува сериозни знаци на пропаѓање предизвикано од човечките активности.
Од 80-те години од минатиот век, денес емисијата на гасови предизвикани од согорувањето на фосилните горива е удвоена, а просечната температура е порасната за најмалку 0,7 степени.
„Би кажал дека извештајот најверојатно ќе биде интерпретиран со констатација во стилот „Човече, навистина сме во неволја, но постојат решенија“, изјавил директорот на IPBES, професорот Боб Вотсон.
„Нашиот извештај зборува за размерите во кои ја губиме биоразноликоста, како и за потезите со кои можеме да ја заштитиме во иднина“, додал Вотсон.
Сечата на шуми и растот на конзумација на месо, ги потиснува видовите од природните живеалишта. Истовремено претераниот риболов за десет пати ја има намалено популацијата на морскиот живот во морињата ширум светот.
Документот предвидува дека изумирањето во наредните години, ќе се случува со забрзано темпо. Кратката верзија на документот од 40 страници, претставува најсериозно предупредување и заканата за луѓето и целата планета.
Во него се истакнува дека бројот на жители во светот од седумдесетите години на минатиот век, до денес, се има двојно зголемено. Ммеѓународната трговија е зголемена за десет пати. За луѓето да се нахранат, облечат и снабдат со енергија, се сечат шуми со брзина која е без преседан во историјата, смета Вотсон.
Од 1980 година до 2000 година, исчезнале околу 100 милиони хектари на шума, најмногу за одгледување на стоката во Јужна Америка, како и за плантажи од палмино масло во Југоисточна Азија.
Со уште поголема брзина исчезнуваат мочуриштата. Од сите кои постоеле во 18 век, до денес останале само 13% од овие подрачја. Само во 20 и 21 век, исчезнале околу 54%.
Годишната цена на губитокот на биоразноликоста и екосистемот, како и пропаѓањето на земјиштето на човештвото ќе чини повеќе од 10% од глобалното производство. Главната причина за ова пропаѓање е животниот стил на интезивна потрошувачка, која е во пораст во развиените земји и новите економии, но и кај земјите во развој.
Студиите спроведени во Азија и Африка покажуваат дека цената на неделување ќе биде три пати поголема од цената на делување. Користа од зачувувањето на биоразноликоста и екосистемот е десет пати поголема од цената на зачувувањето.
Растотот на растојанието меѓу потрошувачите и екосистемот кои произведува храна и други производи, резултира со пад на свеста и разбирање на последиците од одлуката на конзумацијата. Повеќето од оние кои имаат најмногу корист од претераната експлоатација, најмалку ги чувствуваат последиците од конзумеристичките одлуки.