Францускиот канал БФМ ТВ утрово објави аудио-снимка што открива дека брзата реакција на обезбедувањето и полицијата во Лувр спречила поголема кражба во славната галерија „Аполон“.
Според директорката за прием и надзор Доминик Бифен, благодарение на интервенцијата на „неколку агенти“ крадците биле натерани во бегство и не успеале да ја запалат платформата што требало да им служи за транспорт. Најдобриот „спојлер“? Во паника ја оставиле и круната на царицата Евгенија.
🔴 DOCUMENT BFMTV
Cambriolage au Louvre: un enregistrement audio révèle le rôle décisif des agents de sécuritéhttps://t.co/yTt1YiIAzc pic.twitter.com/yfoVF5vtAc— BFMTV (@BFMTV) October 22, 2025
Инцидентот се случил во неделата, а четворицата крадци за 3 минути и 58 секунди зеле дел од кралските накити од една од најценетите лувровски галерии.