Од следната година ќе им ставаме чипови на луѓето во мозокот, рече Илон Маск

Милијардерот, инвеститор, инженер, изумител и футурист, Илон Маск, рече дека од следната година, од неговата фирма Neuralink, ќе почнат со ставање на чипови во мозоците на луѓето.

Оваа фирма се занимава со технологија на спојување со компјутерот и мозокот, а Маск се надева дека од 2022 година ќе почне со вградување на неговите микрочипови во луѓето.

Neuralink, чиј коосновач е Маск, развива чип кој ќе биде вграден во човечкиот мозок и кој истовремено би можел да ги забележува и да ја стимулира мозочната активност. Овој чип би требало да има медицинска примена, како што е лечењето на сериозни повреди на р’бетниот мозок и невролошките пореметувања.

За време на интервјуто за „Волстрит журнал“, новинарите го прашаа што планира неговата компанија да направи во 2022 година.

„Neuralink добро функционира на мајмуните, а ние правиме голем број тестирања и можеме да потврдиме дека е безбеден и дека уредот може безбедно да се отстрани“, рече Маск, а пренесе „Бизнис инсајдер“.

„Се надеваме дека ќе можеме да го користиме кај првите луѓе, а тоа ќе бидат лица со тешки повреди на р’бетниот мозок, како што се тетраплегичари и квадриплегичари. Идната година ќе го одобри и Американската агенција за храна и лекови ФДА“, рече Маск.

Тој вели дека стандардите за имплантација на уредот на неговата фирма, се значително повисоки од она што го бара ФДА, пренесува „Јутарни лист“. Милијардерот на „Твитер“ повтори дека во 2022 година, тој планира овој уред да го користат и луѓето.

„Убрзувањето на напредокот следи кога во следните години ќе имаме уреди во луѓето, затоа што е тешко да се води разговор со мајмуни“, рече тој.

Поврзувањето на човечкиот мозок со компјутер.

Во април Neuralink објави видео на кое може да се види мајмун како игра видео-игра користејќи го уредот на Neuralink.

Откако собра 205 милиони долари во јули, Neuralink извести дека средствата ќе ги насочи кон развој на свој чип за да на квадриплегичарите им овозможи со своите мисли да ги контролираат дигиталните уреди.

Квадриплегија или тетраплегија е целосна или делумна парализа на раката и ногата. Neuralink не е единствената компанија која развива технологија за поврзување на мозокот и компјутерот. Во јули биотехнолошката компанија Synchron, со само 20 вработени, доби одобрение од FDA за почеток на тестирање на луѓето.

Централната идеја на мас е да го поврзе мозокот на човекот со компјутер и тоа со вметнување на тенки електроди во мозокот. Тие пак се поврзуваат со мал бежичен уред, сместен во човечкото уво, за да комуницира со паметен телефон.

 

 

 

Scroll to Top