Уверени се дека со помош на нивниот изум, може да се реши проблемот со гладта низ целата планета.
Финските научници констатираа дека апарутарата, која работи на јаглеродна киселина, од зракот може да претвори гранули месо, кои се полни со протеини, а кои можат слободно да се конзумираат.
Дури и се уверени дека нивното откритие ќе помогне да се реши гладта низ целата Земја.
Еден од нив – Јуха-Пека Питкинен, од Технолошкиот универзитет Лапеанрант – изјави за облајн-весникот qz.com:
„Се што ви е потребно за производство на протеините – се наоѓа во зракот. Во иднина помоќните машини – направени на база на нашиот патент – ќе може да бидат поставени во пустините и на било кои други места, каде на луѓето им се заканува гладта. Со мали апарати од ваков вид, ќе биде решен проблемот од ваков тип, а луѓето ќе можат и да ги имаат по дома и да ги користат по потреба“.
Научниците ширум светот, во последните неколку години се обидоа атмосферскиот CO2 да го претворат во биогориво и други корисни соединенија.
Такви амбиции имаа и американските физичари од Чикаго, кој во 2016 година успеаа да направат соларна батерија која користела собирање на енергијата, за распад на CO2, се со цел добивање на јаглен-моноксид и водород. Нивните колеги од Националната лабораторија во Оак-ридгеа направија катализатор, кој јаглената киселина ја претвора во обичен алкохол.
Питкинен и неговите колеги смислија апарат која зракот го претвораат во сложено органско соединение – молекули на протеини и шеќери. Се послужиле со лукавство. „Вметнале“ микроби кои се во состојба да се „хранат“ со молекули на CO2, и да ги претворат компонентите во своите клетки. Но, тоа беше само првата фаза.
Штом микроорганизмите доволно ќе се намножат, Финците низ својата „каша“, пропуштаат струја. Тоа ги убива бактериите кои веднаш се разлагаат на молекули на шеќер и протеини.
Новата фаза била: сушење на „кашата“ која благодарение на тоа се претворала во гранула на богати протеини и јаглеводороди.
Главниот проблем на овие „фински“ „фабрики“ на протеини и шеќери е бавноста. За добивање на еден грам протеини, потребни се приближно две недели.
Затоа Питкинен и неговите колеги, веќе работеле на забрзување на „производите“ и создавање на биореактори кои би давале по неколку килограми протеини дневно.
Еден од нив е – Јеро Ахола – кој особено со оптимизам укажува: „Ние сме во состојба да произведеме протеини без никакви пестициди и токсични ѓубрива. Без загадување на околината и исфрлање на плинови во атмосферата. Нашата технолија има голема иднина“, завршува тој.