Астронаутот Чарлс Дјук, член на мисијата Аполо 16, оставил семејна фотографија на Месечината за време на неговата мисија во 1972 година. На сликата се тој, неговата сопруга Дороти и нивните два сина, Чарлс Дјук III и Томас Дјук.
На задната страна на фотографијата пишува: „Ова е семејството на астронаутот Дјук од планетата Земја. Слета на Месечината во април 1972 година“.
Дјук, кој беше пилот на лунарниот модул, кој беше лансиран во мисијата на 16 април 1972 година. Четири дена подоцна, со само 36 години, тој стана најмладиот човек што чекорел на Месечината.
Дјук ја оставил фотографијата на Месечината како симболичен гест за времето што го поминал далеку од семејството за време на подготовките за мисијата. На овој начин сакал да го вклучи своето семејство во историското патување и да им покаже на своите синови дека на некој начин биле со него на Месечината.
Неговото семејство живеело во Хјустон, додека тој често бил стациониран на Кејп Канаверал и на други локации. Знаејќи колку ќе му недостигаат, решил некако да ги понесе со себе.
Денес, повеќе од 50 години подоцна, нејзината физичка состојба е неизвесна. Екстремните температури на Месечината веројатно ја избледеле фотографијата во текот на децениите. Бидејќи е премногу мала за да биде снимена со лунарни сонди, тешко е да се каже во каква состојба е.
Фотографијата на Чарлс Дјук и неговото семејство стана еден од најпознатите лични предмети оставени на Месечината. Покрај научните инструменти, знамињата и модулите, Месечината крие и неочекувани траги од човечко присуство – од топчиња за голф што ги остави астронаутот Алан Шепард до медалјони во чест на паднатите астронаути на Аполо 1.