Тврдината Цар Александар I која се наоѓа на островот Котлин и која била од стратешка важност за СССР, долго време, се наоѓа во близина на рускиот град Кронштат, од каде испловил првиот руски параброд, првиот кршач на мраз и првиот руски морнар кој го препловил сиот свет.
Голем број од сведоштвата на лицата кои живееле на ова место велат дека тука се развивале и тестирале нови видови на оружја. Се извршувале воени и медицински експерименти. Бројни експерти биле носени против сопствена волја, а некои од нив се обидувале дури и да побегнат.
Малкумина успеале да се извлечат поради чуварите кои ги држеле на око или нишан. Голем проблем за бегството од ова место претставувала водената, односно ледената изолација. Денес Котлин е поврзан со сообраќајница и тунел под Финскиот залив, но пред сè на островот може да се пристапи исклучиво преку морски пат.
Научниците од Кронштат на ова место успеале да направат вакцина против чума и на тој начин да спасат илјадници животи. Експриментите се работеле на животни, кои потоа биле палени. Бројните истражувања се работеле во целосна тајност, како на пример радијацијата на која биле подложни некои од животните.
За некои од страшните злочини сведочеле некои од тогашните жители на Котлина. Кронштат или Крунскиот град се наоѓа на 48 километри западно од градското езеро Санкт Петербург, а неговот име е со германско потекло.
Кронштад го основал Петар Велики откако го освоил островот. До тој момент местото се нарекувало Кронслот, име дадено од Швеѓаните во 1703 година. Биле направени докови кои требало да го штитат пристапот до Санкт Петербург. Се додека не бил ископан канал до Санкт Петербург, во периодот меѓу 1875 и 1885 година, Кронштад бил пристаниште за трговските морнарици, каде се претоварал теретот од помалите на поголемите бродови.
Повеќето од жителите биле морнари и војници кои често се збогувале од својот дом, за да запловат во сеуште неоткриените води на возбудливите експедиции. Во време на советската криза кога продавниците во големите градови останале празни, полиците во Кронштат нуделе сè што на жителите им било потребно.