Некои од припадниците на бандата добија помош и сега цела нација во Велика Британија е згрозена кога се отвори новата постака, во која тие се борат против нивната депортација од земјата.
Се испостави, имено, дека осудените припадници на бандите на сексуалните предатори од Ротшилд, кој со години ги следеле и „пикирале“, девојчињата од сиромашни и дисфункционални семејства и ги присилувале на секс и проституција, ги силувале и уценувале, и досега добиле правна помош во вредност од најмалку милион фунти, а некои од нив и ги добиваат случаит, а сега во новата постака некои пак се борат против депортација од земјата.
Нивната правна битка, која на крајот на јули ја пренесе британски Дејли Мејл, ја плаќаат истите оние даночни обврзници, чии семејства и заедница биле осквернавени и – иронично – обвинетите можеле дури и да се повикаат на Член 8 од Европската конвенција за човекови права, која го штити правото на семејниот живот. Ако ги депортираат, обвинетите тврдат, тоа ќе им наштети на нивните семејства.
Островот значително се тресеше пред неколку години кога пламна приказната за ланецот на злоставувачи од Ротшилд. Првото судење за низата сексуални злостори заврши на 8 мај 2012 година, кога девет од 12 обвинети, со мнозинство на британски државјани со пакистанско потекло, беа осудени за трговија со луѓе, а целта која ја имале била сексуална експлоатација, силување, злоставување на малолентици… Сексуалните предатори со двојни државјанства досега уништија 47 млади животи. Некои од жрвите имале само 13 години.
Страшни сведоштва
Кога во јавноста почнаа да излегуваат сведоштва за жртвите, на сите им се превртуваше желудникот, а по првичниот шок, вниманието се сврте кон одговорноста на самите власти, социјалните служби и полицијата. Социјалните работници и полицајци, прв пат ги примија пријавите за злосторствата уште во 2008 година, но истрагата беше покрената па укината, и не се реагираше кога требаше, па бандата слободно хараше низ градовите.
Се испостави на крајот, барем едно од објаснувањата, беше прашањето за изостанатата реакција, и дали бил во прашање стравот кај надлежните институции, дека на крајот службите ќе бидат обвинети за расизам. Лидерот на злогласната банда потоа навистина играше на таа карта. Во секој случај, полицијата ја подигна главата и во март 2015 година, ја призна грешката. Навистина не го истражиле случајот како што требаше, јавно рекоа дека ќе зборуваат со жртвите, но штетата одамна беше направена.
Повеќето обвинети беа оженети мажи. Еден од нив работел како верски учител во локалната џамија, и имал пет деца. Кога биле фатени, биле во добата меѓу 24 и 59 години и меѓусебно се познавале. Од друга страна, жртвите биле немоќни тинејџери. Една од нив, таканаречената Хани Монстер, 15 годишно девојче, ја регрутирале останатите. Кога еднаш ќе паднеш во мрежата, нивниот живот се претвора во пекол.
Ги увенувале, системски злоставувале, силувале ги држеле под контрола со помош на алкохол и дрога, ги хранеле, им давале мали парични износи и подароци. Биле физички малтретирани и групно силувани. Некои имале обврска да спијат со повеќе мажи дневно, неколку дена во неделата. Ги предавале од раце во раце, ги возеле низ околината „ги проследувале“ на пријателите, и членовите на семејствата, понекогаш како „подароци“. „Корисниците“ за тие услуги плаќале значителен износ.
Поплаки за „белиот човек“, поротата
На ужасите им немало крај. Една 13 годишна тинејџерка ја присилиле на секс во замена за вотка, а тогаш повторно ја силувале и и дале 40 фунти за да молчи. Друга девојка, 15 годишна тинејџерка, била премногу пијана за да воопшто се сеќава дека ја силувале 20 мажи, еден по еден. Трета била толку под влијание на алкохол, што повраќала додека ја силувале двајца мажи. Четврта девојка, во добата од 13 години, дури и се породила.
Некои од злоставувачите тврделе дека девојките влегле во приказната своеволно, среќни што можеле да зборуваат со машки. Пример бил, лидерот Схабир Ахмед, кој потоа бил наследен од Абдул Азиз. Тој тврдел дека тинејџерките биле проститутки и дека тој водел деловно царство. Токму тој ја добил највисоката казна, 19 години затвор.
Мохамед Сајид е осуден ан 12, Кабеер Хасан и Абдул Азиз на девет, Абдул Рауф на шест, Адил Кхан на осум, Мохамед Амин и Абдул Оајум на пет, а Хамид Сафи на четири години.
Четворицата – Схабир Ахмед, Адил Кхан, Абдул Рауф и Абдул Азиз (на сликите) – имале, како што пишува Дејли Мејл, двојно британско – пакистанско државјанство. Властите одредиле дека истото тоа мора да се укине и наредена е депортација во земјите, која тие ја оспоруваат. Ако тие се протераат, ќе трпат нивните најмили.
Многумина, после се што се случило, немаат разбирања за таквите аргументи.
Многумина не се согласуваат дека мораат да плаќаат за нив. Даночните обврзници досега, за нивните првични неуспешни судски битки, на кои сакале да ја оспорат вината, платиле 1.009.645 фунти. Абдул Рауф добил 282.370 фунти за борба против депортацијата, Ахмед 249.707, Кхан 282,289, а Азиз 195.277 – се благодарение на тоа што имаат приходи, кои на ниво на семејство се помали од 37.500 фунти.
Схабир Ахмед веќе претходно се обратил на Европскиот суд за човекови права, тврдејќи дека поротата била составена од „белци“ и пристрасни луѓе. Прекршен е, како што тврдел тој, Член 6 од Европската конвенција за човекови права, оној за правото на чесно судење.
Судиите во Стразбур го отфрлиле случајот и утврдиле дека нема докази за тоа дека поротата била пристрасна.
А трошоците би можеле и понатаму да растат. Имено, се покажало дека од нив тројца – Азиз, Кхан и Рауф – имале осигурана финансиска помош за нова судска битка, против депортација, која ќе се води во Апелациониот суд.