Освен Каталонија, кој уште сака независност?!

Баскија, Шкотска, Фландрија, Јужен Тирол, Корзика, Баварија… многу региони од Западна Европа веќе долго бараат независност од своите земји или барем укажуваат на таквата идеја.

Распадот на СФРЈ и на Советскиот Сојуз создаде многу нови држави во источниот дел на Европа. Но, на западниот дел на континентот границите останаа исти.

За волја на вистината, имаше група што бараше отцепување, а некои од нив беа и милитанти, но со слаб ефект.

Случувањата во Каталонија би можеле да дадат нова сила на целата низа движења за отцепување во Западна Европа.

Баскија

Тежнеењето за независност на Каталонците е последица на финансиската помош што Мадрид им ја дава на Баскија и на покраината Навара со главниот град Памплон.

Баскискиот национализам и баскискиот јазик исто така беа потиснати за време на режимот на Франко. Баскија економски е многу послаба од Каталонија, но тамошните сепаратисти се многу насилни.

Во борбата за независност од Мадрид организацијата ЕТА во последните 50 години уби над 800 луѓе. За волја на вистината, тоа сепаратистичко движење од 2011 јавно се откажа од насилството. Но, движењето за независност и понатаму тапка во место. Референдумот од 2014 исто така беше симболичен и непризнат.

Шкотска

Никаде на Западот во Европа не изгледаше толку веројатно цртањето нова географска карта како што тоа беше случајот со Шкотска. Унијата меѓу Шкотска и Велика Британија трае веќе добри 300 години. Но, на референдумот во 2014 година, на кој се согласи и Лондон, поборниците за независност тесно изгубија.

Сепак, излезот на Британија од ЕУ го наведе раководството во Единбург да го разгледа одржувањето на новиот референдум повторно. Можеби веќе во 2018 година.

Имено, мнозинството Шкоти беа за останување во ЕУ. Анкетите, сепак, кажуваат дека резултатот од следниот референдум за независност би бил сличен на претходниот.

Фландрија

На последните парламентарни избори во Белгија како најсилна партија во Фландрија се покажа Нова фламанска алијанса, која ја предводи Барт де Вевер. Тој политичар верува дека белгиската држава е пред распад и дека би требало да се гради самостојна Фландрија.

Сепаратизмот во Белгија е прилично необичен. Ако се отцепи фламанскиот дел, во кој се говори во мнозински дел холандски, државата ќе изгуби повеќе од половина од жителите, но и од економската сила. Голем проблем би бил и статусот на Брисел, во кој е и седиштето на Европска Унија и НАТО.

Некои веќе го споменуваат и присоединувањето на франкофонскиот регион Валонија Франција, Луксембург, па дури и Германија. Но, Белгијците досега успеваа да се држат заедно.

Паданија

Сецесијата во северна Италија има целосно економски побуди. Имено, таму се наоѓа развиениот регион со Ломбардија, Пијемонт, Венеција, како и други богати и индустријализирани подрачја.

Многу граѓани во тој дел на земјата веруваат дека Италијанците од југот живеат на грбот на работливите од северот. Таканаречените Lega Nord некогаш барале независна Паданија, подрачје што ќе го разграничи развиениот север од денешна Италија. Денеска копјата се кршат за барањата регионот да остане и да ги задржи тие три четвртини од заработените пари.

Јужен Тирол

И ова подрачје официјално е во границите на Италија, но само од крајот на Првата светска војна. Претходно било дел од Австро-Унгарија.

По смртта на Мусолини, Јужен Тирол добивал сè поголема јазична и политичка економија.

Жителите во тој регион располагале со добар дел од парите собрани преку даноци и се чинело дека сè се одвивало како подмачкано. Но, економската криза особено го разбуди сепаратизмот во овој дел.

Италија, по Грција, е втора по задолженост во еврозоната и ја мачат големи економски тешкотии. Тиролците се богати и не сакаат да се оптоваруваат со проблемите за заедничка италијанска држава. Сè повеќе се слушаат паролите: „Подалеку од Рим“.

Корзика

Француските власти долго ги сузбивале автономските тенденции на овој остров вклучувајќи го тука и користењето на локалниот јазик во училиштата и јавниот живот.

Милитанските групи, како што е FLNC, со години се обидувале насилно да се одвојат од Париз изведувајќи ги нападите врз официјални лица или симболите на француската држава. Дури во летото 2014 година FLNC соопшти дека повеќе нема да се служи со насилство. Но, потенцијалот за конфликти остана кога француската влада во 2000 година предложи прилично незабележителни мерки за зголемување на автономијата на Корзика, а конзервативната опозиција во таа земја излезе на барикадите.

Баварија

Многу мал број Баварци сериозно мислат дека основањето власт во државата е вистинскиот потег. Сепак, официјалното име на оваа германска покраина е Der Freistaat Bayern, односно Слободна Држава Баварија. Таа германска федерална единица на југот од земјата веројатно би можела да се снајде и одвоено од остатокот на Германија.

Баварија има најголема површина од сите германски сојузни држави. Во неа живеат 13 милиони луѓе и таа прави најголем економски обрт во Германија. Како и другите земји, тоа богатство предизвикува двоумење кај населението, односно Баварците сметаат дека премногу пари одат во заедничката каса.

За волја на вистината, има и поостри ставови. Членот на партијата на Хистијанско-демократска унија (ЦДУ) и новинар Вилфрид Шарнагл во својата книга „Баварија може и сама“ во 2012 се залагаше за излез од СР Германија. Засега нема општонародно движење кое ги дели неговите ставови.

 

Scroll to Top