Меѓународен тим на научници идентификува нов сој на коронавирус, кој настанал во Шпанија, а кој од летото се шири во Европа. Се претпоставува дека извор на заразата се шпански фармери, пренесува српски „Курир“ повикувајќи се на Financial Times и Klix.ba.
Повеќето заразени од коронавирус во неколку европски земји се заразени со новиот сој на коронавирус. Во Ирска тоа е случај кај 60 % од заболените. Научниците ја следеле мутацијата и утврдиле дека новиот сој се шири исклучително бргу. Вирусот го нарекле 20А.ЕU1.
Научниците предупредија дека непочитувањето на мерките, пред сè, физичкото дистанцирање може да придонесе за продолжување на новиот сој на короанвирусот. Со новиот сој заразени се 10 лица во Велика Британија, 80 % од луѓето во Шпанија, 60 % во Ирска и по 40 % во Швајцарија и Франција.
Како клучни преносители на овој вирус се наведени луѓето што биле на годишен одмор во Шпанија. Научниците се прашуваат дали вториот бран на заразата би можел да биде помал ако биле подобри прегледите на аеродромите и другите транспортни терминали.
Секој сој на вирус има своја генетика и токму тој врз основа на тоа може да го утврди просторот на кој настанал.
„Ширењето на новиот сој на коронавирус е јасен показател дека постојните мерки не се доволни за да се спречи понатамошниот пренос“, оценила Ема Ходкрофт од Универзитетот „Базел“.
Ема е генетичакра од тимот на експерти што го идентификувале новиот сој. Тимот на научници од Швајцарија и Шпанија сега се обидуваат да дознаат како тој се однесува, дали е позаразен и посмртоносен од другите соеви на коронавирус.
Ходкрофт нагласила дека не постои доказ оти новиот сој се шири бргу како последица на мутацијата која го зголемува преносот или влијае на исходот на заразата. Таа напоменала дека 20А.ЕU.1, сепак, се разликува од другите соеви на коронавирусот за кои таа знае.
„Немам видено ниту една варијанта со таква динамика сè додека во Европа не ги следев геномските секвенци на коронавирусот“, додала таа.
Во виролошката лабораторија научниците настојуваат да утврдат дали новиот сој носи одредена мутација во шилестиот протеин што вирусот го носи за влез во организмот, што би можело да го промени неговото однесување.
Кај секој вирус се развива мутација, се менува генетскиот код, односно може да настанат негови нови соеви. Претходно утврден е сој на коронавирус наречен D614G за кој се верува дека е позаразен.
Новиот сој на коронавирус има шест препознатливи генетски мутации. Се појавил меѓу фармерите на североистокот во Шпанија во јули и бргу се проширил меѓу локалното население, е наведено во најновата студија.
Професорката по компјутерска еволуција, Тања Стадлер, исто така учествувала во истражувањето на новиот сој. Таа истакнала дека примероците од вирусот се земени од цела Европа и дека се утврдило дека се изведени од истиот сој.
„Видливо е дека вирусот повеќепати е увезен во неколку држави, а потоа се проширил меѓу населението“, изјавила таа.
Шефот на конзорциумот SeqCovid во Шпанија, Инака Комас, го проучувала вирусот и е еден од авторите на студијата во која е забележан новиот сој.
„Еден сој, потпомогнат со почетните случаи на суперширењата, може да помогне за тој бргу да се рашири во поголем број земји“, укажал тој.