Исчезнувањето на боингот „Малезија ерлајнз“ на летот MH370 во март 2014 година, е една од најголемите мистерии во историјата на американските несреќи.
Авионот кој исчезнал со 238 патници и членови на екипаж, не е пронајден ни по големата потрага, а американскиот експерт Вилијам Лангевиш во текст во списанието „Атлантик“ (The Atlantic) тврди дека пилотот, капетанот Захари Ахмед Шан (53) е виновен за сè.
Освен малите делчиња кои морето ги исфрлило по околните острови, сеуште не се пронајдени црната кутија, која би можела макар да разреши малку од големата мистерија на летот MH370. Лангевиш тврди дека Шан бил проблематичен осамен човек, кој намерно ги убил своите патници и колеги.
„Добра ноќ. Малејжан 370“, биле неговите последни зборови на тој 8. март. Авионот полетал од Куала Лумпур кон Пекинг и исчезнал од радарот по 38 минути од неговото полетување.
Кога го открил воениот радар, MH370 излегол од курсот и повторно исчезнал. Се наоѓал речиси на 400 километри оддалеченост од островот Пенанг, во северозападна Малезија.
Најмладиот патник во авионот имал само две години. Со оглед на тоа дека станува збор за голема мистерија, изминатите пет години во јавноста се вртеле голем број на теории за тоа што навистина се случило.
Лангевиш тврди дека Шан ги убил луѓето или го онеспособил својот копилот и излегол од курсот, веднаш откако навлегол во просторот на Виетнам. Го променил воздушниот притисок во кабината за да ги успие патниците. Се искачил на 12.000 метри и со целата сила се залетал во океанот.
Од таков удар авионот веројатно се распаднал на најситни парчиња, со се патниците и членовите на екипажот. Инженерот Мајк Егзнер се согласува со оваа теорија и тврди дека Шах го подигнал авионот за декомпресијата се случи колку е можно побрзо
„Во кабината ништо не би се приметило освен што би испаднале маските со кислород. Тоа значи дека патниците во рок од неколку минути биле онесвестени, не знаејќи што им се случува. Шах потоа го декомпресирал авионот и кокпитот и намерно со носот паднал во океанот“, трди Лангевиш.
Еден пријател на Шах изјавил за „Атлантик“, дека ваквата теорија е делумно реална. Тој вели дека Шах имал проблеми во бракот затоа што сопругата повеќе не сакала да го трпи, затоа што ја изневерувал со стјуардесите. Можел да го измами копилотот и да го натера да излезе од кабината.
Да го испрати нешто да провери на пример, а потоа својот пеколен план да го спроведе на дело. По изнесувањето на оваа теорија на Лангевиш, веднаш се јавиле голем број негови притивници кои велат дека декомпресијата во кабината и не е така едноставно да се направи како што е опишано во текстот.
Освен тоа Шах бил страствен авијатичар и не бил однел 241 патник во смрт, само затоа што се расправал со неговата сопруга. Сепак, ова е само една од бројните теории. Има и такви теоретичари кои сметаат дека копилотот е тој кој што ги однел сите патници и екипажот во смрт. Некои ги обвинуваат властите, други државата за падот на авионот.
Некои обвинуваат и други држави. На крајот може само да се сумира дека спасувачките служби пронашле делови од боингот 777 во текот на годината кога се случила несреќата. Деловите од авионот се најдени на разни локации.
Имало некои во Мозамбик, Јужна Африка, островот Рејунион и на Маурицијус. Деловите воглавно биле најдени на плажите каде океанот ги исфрлил. Но, сите велат дека клучниот доказ црната кутија не е пронајдена. Без неа можеби никогаш нема да се дознае што навистина се случило на летот МH370.