Откриена мистериозна гробница стара 5000 години

Ново истражување открива дека пред 5000 години жителите во Месопотамија закопале две дванаесетгодишни деца, момче и девојче, а околу нивните тела наредиле стотина копја и осум човечки жртви.

Тим истражувачи им ја одредиле староста на шест од жртвите и процениле дека биле на возраст од 11 до 20 години.

Тајната гробница е откриена во 2014 година, навеле истражувачите Брена Хасет и Халук Сагламтимур.

„Иако имаме докази за насилна траума на само два костура, важно е да се напомене дека насилната смрт не остава секогаш трага на костурот“, изјавила Хасетова.

Таа додала дека се чини оти целта на жртвувањето била вербата во тоа дека жртвите, по нивната смрт, ќе ги следат или ќе им служат во понатамошниот живот.

Откритието ги оставило археолозите со низа мистериозни прашања?

Кои биле двете дванаесетгодишни деца за кои се претпоставува дека биле погребани? Дали тие биле жртвувани? Зошто воопшто биле жртвувани?

„Бидејќи 12-годишните деца имале сложен погреб, се чини дека морало да имаат некој важен статус“, напишале Хасетова и Сагламтимур во своите истражувања.

 

 

 

Scroll to Top