Откриена нова галаксија

Астрономите на големо изненадување откриле далечна галаксија наречена NGC 1052-DF2, или кратенка DF2 за која се смета дека нема темна материја, и е со непознато потекло, а се смета дека делува како некој вид на лепак, кој помага во формирање на галаксијата.

Споменатата галаксија е оддалечена од Земјата 65 милиони светлосни години и припаѓа на групата на ултрадифузни галаксии, кои имаат исклучителна мала густина. Поголема е од нашата Галаксија, но содржи значително помал број на ѕвезди, планети и прашина.

Нејзиното откритие отвора нови можности за тоа како темната материја се дистрибуира низ космосот.

Никој не знае што е темна материја, која во складност со нејзиното име, не емитува светлина. Научниците знаат дека е темна, на основа на забележувањето на движењето на галаксијата и ѕвездите. Некоја невидилва супстанца влијае на овие објекти длабоко во вселената. Се смета дека темната материја чини 27% од вкупната маса и енергија во Униерзумот.

Темната материја е невидлива и може да се открие само на темел на нејзиното гравитационо делување на другите тела во вселената. Научниците сметаат дека таа галаксија дава дополнителна маса, што стоздава „вишок“ на гравитација која им овозможува да не се распадне.

Астрономот од универзитетот „Јејл“ Питер ван Докум и неговите колеги ја откриле оваа галаксија, која има релативно мал број на ѕвезди и многу мала густина. Поголема е од нашата галаксија и има 250 пати помалку ѕвезди.

„Ова навистина е бизарно, додал неговиот колега Роберто Абрахам, коавтор на студијата од Универзитетот во Торонто.

„Галаксија со ваква големина би требало да има 30 пати повеќе темна од обична материја, но таму темната материја воопшто ја нема“, дополнил Абрахам, напоменувајќи дека тоа не би смеело да биде возможно.

Обичната материја (атоми) од кои се создадени ѕвездите, планетите, гасот и прашината сочинува дури 5% од вселената. Темната материја, која денес е една од најголемите загатки на современата астрофизика, чини повеќе од 25% од вселената.

 „Станува збор за неверојатно откритие, затоа што се смета дека галаксиите би требало да содржат многу повеќе темна од обична материја (атоми), истакнуваат од Институтот за астрономија и астрофизика, на Универзитетот во Торонто, чии истражувачи учествувале во изработка на студијата.

Споменатата галаксија е оддалечена од Земјата 65 милиони светлосни години и припаѓа на групата на ултрадифузни галаксии, со исклучителна мала густина. Со слична големина како и нашиот Млечен пат, но содржи значително помал број на ѕвезди.

Ван Докум ја проучува дифузната галаксија, и вели дека е просторно огромна, но со мал број на ѕвезди. Поради тоа направил и свој телескоп наречен „Драгонфлај“.

Обичната материја (атоми) кои ја чинат ѕвездите, планетите, гасот и прашината сочинуваат дури 5% од вселената. Темната материја, која денес е една од најголемите загатки на современата астрофизика, чини повеќе од 25% од вселената.

 

 

 

Scroll to Top