Од Бакингемската палата повеле истрага поради обвинувањата за однесувањето на Меган Маркл кон нејзините вработени, пренесува „Мирор“. Според портпаролот на палатата, членови од персоналот, кои се вклучени во овој случај, ќе бидат повикани да учествуваат во истрагата.
Кралското семејство не толерира малтретирање или вознемирување на работното место, вели тој.
„Очигледно е дека сме загрижени поради наводите што ги изнесе Times по тврдењата на поранешниот персонал на војвотката“, изјавил портпаролот на Бакингемската палата, пренесуваат британските медиуми.
Times пишува дека покрај малтретирањето на двајцата постари членови од персоналот, Меган лично понижила уште еден од своите вработени. Times пишува дека Џејсон Кнауф во 2018 година, кога работел како секретар за комуницкации, поднел жалба.
Хари лично интервенирал и го молел да не го прави тоа.