Пентагон сака развој на хиперсонична нуклеарна бомба

Пентагон не е изненаден од новите руски хиперсонични проектили, но се поставува прашањето зошто не ги употреби истите за да добие повеќе пари од американските даночни обврзници.

Воениот буџет на САД, кој е околу десет пати поголем од воениот буџет на Русија, не е доволен, вели директорот на DARPA, Агенција за напредни истражувачки проекти на Пентагон.

На прашањето од новинарите минатата недела дали Соединетите Американски Држави трошат доволно за хиперсоничната ракетна програма, Стивен Волкер, управителот на Агенција за напредни истражувачки проекти на Пентагон одговорил:

„Би рекол не. Доларите што беа доделени на оваа сметка беа одлични, но беа насочени на спроведување воздухопловни тестови и откривање некои напаѓачки способности во низа оперативни противтипови“.

„Ни треба инфузија на долари во нашата инфраструктура за хиперсонично оружје“.

Одвоена изјава истиот ден дала и портпаролката на Пентагон, Данa Вајт, со малку повеќе самодоверба и многу помалку загриженост за тоа како добро стои американскиот арсенал против Русија.

„Веќе долго време ја набљудуваме Русија. Не сме изненадени“, изјавила Вајт по говорот на рускиот претседател, Владимир Путин, до нацијата во кој го истакнал новиот нуклеарен арсенал на Русија, вклучувајќи ги и хиперсоничните ракети, кои имаат речиси неограничен дострел и се способни за надвладување на системот на противракетна одбрана.

„Америка се движи напред за да го модернизира својот нуклеарен арсенал и да се погрижи никој да не биде рамен на нашите способности“, изјавила Вајт.

Од преземањето на должноста, претседателот Доналд Трамп со помош на Конгресот, кој е под контрола на републиканците, додал повеќе од 200 милијарди долари за предвиденото ниво на додатоци за одбрана во периодот од фискалната 2017 година до 2019 година. Сега износот е двојно поголем од вкупниот буџет за одбрана, во периодот во 2016 година кога вкупно изнесувал околу 69,2 милијарди долари.

Предвидениот воен расход на Вашингтон за фискалната 2018 година е 700 милијарди долари.

Значителен дел од тие пари очигледно се изгубиле поради потрошувачката и непристапноста на сметководството.

Во 2016 година објавено е дека Пентагон намерно ги сокрил интернет-студиите кои го разоткрија одлевањето на 125 милијарди долари во управниот одбор, поради стравот дека Конгресот ќе ги користи овие ексклузивни резултати како изговор за намалување на сметките за одбрана.

И додека претставниците на Пентагон молат за парични средства за борба против руската хиперсонична технологија, вистината е дека има доста пари за потрошувачка, особено што државата мора да плати 1,4 билиони долари за „Локхид Мартин“ авионот Ф-35 кој е полн со недостатоци и мани.

 

 

 

 

 

Scroll to Top