Пет големи операции на КГБ со кои ја здрмале Америка

„Тајм магазин“ во текот на 80-те години објавил како КГБ, советската известувачка служба, една од најистакнатите организации на светот, ги собирала податоците. Магазинот пишува дека КГБ во периодот од 1954 година, до 1991 година, била една од најмоќните, најстрашните и најуспешните истражувачки служби.

Била помоќна дури и од нејзината конкуренција ЦИА, МИ6 и други познати светски организации. Во своето делување агентите на КГБ делувале смело, а често извршувале и смртоносни операции. Биле добри во собирањето на нови членови, а во текот на години и голем број на Американци биле вмешани во работата на КГБ.

Сега не е познат опсегот на работа на оваа организација, но според досега собраните податоци, агенцијата ќе остане запаметена по петте позначајни операции кои ги спровеле на тлото на САД, пишува The Big Think.

Префрлување на Роберт Хансен

Најголемиот удар на непријателот може да се зададе со регрутација на луѓе од неговите редови. КГБ успеал да изведе неколку такви потфати во периодот на „Студената војна“. Еден од врните двојни агенти бил Роберт Хансен, кој работел истовремено и за ФБИ, но ѝ шпионирал за Советите од 1979 година до 2001 година.

Министерството за правосудство, неговата шпионажа ја нарекло „веројатно најлошата известувачка катастрофа во американската историја“.

Во моментов Хансен отслужува 15 доживотни казни затвор во Колорадо, а во текот на својата кариера, тој заработил повеќе од 1,4 милиони долари во готово и дијаманти, за продажба на доверливи документи на КГБ. Во нив детално е опишан развојот на американското оружје и контраизвестувачката програма на САД.

Хансен открил и две имиња на луѓе кои Советите на крајот ги погубиле, а ја открил и американската стратегија во случај на избивање на нуклеарна војна. Фатен е во 2001 година, откако ФБИ платиле седум милиони долари за дојава од анонимен крт. Со помош на анализа на гласот и отпечаток од прсти, Хансен бил идентификуван.

Регрутирање на Алдрик Амес

И Алдрик Амес се занимавал со шпионажа во истиот период како и Хансен. Веројатно Амес бил уште поголема добивка за КГБ од Хансен. Тогаш 31 годишниот службеник на ЦИА, доверливите информации ги издавал во периодот од 1985 година до 1994 година.

Неговите постапки ги довеле до смрт најмалку 10 извори на ЦИА, а истовремено биле загрозени над стотина американски тајни известувачки операции. Го фатиле кога забележале дека живее луксузен живот кој не можел да си го дозволи со својата плата.

На судењето Амес признал како давал информации за советските агенти и останатите Американци кои му биле познати. За КГБ продавал голема количина на информации за надворешната одбрамбена и безбедносна политика на САД. Амес во моментов е на отслужување доживотна казна затвор во Индијана.

Операција Цедар

Операцијата Цедар се наоѓа на оваа листа, иако не била реализирана во целост. Подготовките за истата траеле повеќе од десет години, од 1959 година до 1972 година, а намената и била сериозно да го наруши американското електрично напојување. Идејата била да се уништат големите хидроелектраните, како и браната во Монтана.

Планот бил да се остави без струја целата држава Њујорк и регионите околу браната. Агентите на КГБ за планирањето на оваа операција користеле безбедносна куќа во близина на Харисбург во Пенсилванија.

Планот вклучувал уништување на рафинерија на нафта и нафтовод меѓу САД и Канада, а крајната цел била да се подметне експлозив во Кулите близначки во Њујорк.

Операцијата се споменува во архивите на КГБ, во повеќе од 25.000 белешки кои ги изработил 30 годишниот архивар на КГБ, Василиј Митрокин, кој ги земал со себе кога побегнал во Велика Британија. Митрокин работел како шеф на единицата која ги собирала податоците за странските шпионажи и нивните операции.

Митрокин не открил зошто операцијата Цедар не заживеала.

Операција Пандора

КГБ имал долгорочна стратегија на искористување на расна напнатост во САД. Тој пристап кулминирал со операцијата Пандора, план кој е познат од архивата на Митрокин. Целта на операцијата било да се започне расна војна која би ја уништило САД.

Според тврдењата на Даријен Каван кој пишувал за War Is Boring, Советите сакале да ги збунат САД и да поттикнат насилие меѓу радикалните групи како што се ККК, African American militants и Jewish Defense League.

КГБ сакал да ја искористи ситуацијата по убиството на Мартин Лутер Кинг, кој Советите го сметале за умерен, и за пречка на патот за уште поголемите поделби внатре во американското друштво и можноста за избивање на граѓанска војна во 1971 година.

КГБ дистрибуирал фиктивни летки за кои се чинело дека ги правела десничарката организација Jewish Defense League. КГБ ги напишале и испратали црни милитантски групи, со тврдење дека Афроамериканците ги напаѓаат Евреите и ги ограбуваат нивните продавници во Њујорк.

Целта на КГБ била да го поттикне антисемитизмот. Во исто време, други лажни писма биле испраќани преку милитантски групи во кои пишувало дека JDL ги напаѓа Афроамериканците. Тие писма повикувале отворено на одмазда. Советите на тој начин ја одобриле операцијата Пандора, чија цел била да се уништи историскиот колеџ во Њујорк за Афроамериканци и вината да ја префрлат на членовите на JDL.

Операцијата сепак не завршила на начинот на кој тие планирале. Напорите КГБ да поттикне расна војна продолжиле и во 80-те години од минатиот век. Во пресрет на Олимписките игри во 1984 година, во Лос Анџелес, КГБ своите расистички писма ги испратила до олимписките одбори и во неколку африкански и азиски земји во име на американскиот ККК.

Заверата Рудолф Абел

Рудолф Ивановиќ Абел (1903-1975) била можеби една од најпознатите илегални акции на КГБ во историјата. Приказната била основ и за создавање на филмот Bridge of Spies. Абел бил роден како Вилијам Фишер в Велика Британија во семејство на руски емигранти и станал советски известувач. Се докажал со својата работа против нацистите во Втората светска војна, а пред да го испратат во САД, работел за претходниците на КГБ.

Со помош на лажни документи во 1948 година, од Канада стигнал во САД и ја превземал клучната улога во шпионската организација во Њујорк.

Неговата шпионажа под надѕор на КГН продолжија од 1957 година, кога бил уапсен од страна на ФБИ. Сè претставил како фотограф и сликар, а организирал и „волонтерска“ мрежа на агенти која криумчареле американски атомски тајни во СССР. Откако бил откриен, отслужил четири години од својата казна, и бил разменет со американскиот пилот Френсис Гериј Пауерс, во 1962 година на мостот во Берлин.

Ваквата пракса на поставување на илегални имигранти во САД со лажни идентитети кои требало да оперираат како спасувачи или активни агенти, продолжила и денес. Во 2010 година мрежа од 10 руски агенти се уапсени во САД.

 

 

Scroll to Top