Крајот на светот ќе се случи на 23 април кога на небото ќе се појави планетата на смртта Нибир, предупредуваат теоретичарите на заговори.
Според нивните тврдења, поголемиот дел од апокалипсата ќе се случи во текот на ноќта.
Кога ќе дојде крајот на светот, Сонцето, Месечината и Јупитер ќе се усогласат во соѕвездието Девица, а на небото мистериозно ќе се појави планетата Нибир, која со себе ќе донесе раст на антихристијаните, трета светска војна и 7 години неволји, пренесува „Метро“.
Иако НАСА истакна дека планетата на смртта Нибир не постои, теоретичарите на заговор во повеќе наврати предупредувале за крајот на светот, а според најновите тврдења, тоа ќе се случи на 23 април. Дејвид Меаде, кој претходно го предвидел крајот на светот, изјавил дека во април црквата и сите христијани ќе исчезнат.
„Следуваат 7 години неволји, а во тоа нема сомнение“, вели Меаде.
Нибир, позната како планетата Х, требало да ја погоди нашата земја во декември 2017 година, во април 2016 година и во декември 2015 година.
Оваа планета, како што тврдат научниците, не постои. Никогаш не е видена преку телескоп ниту, пак, некој научник открил докази дека таа постои.
„Доколку Нибир или планетата X навистина постои и доколку таа тргнала кон Земјата, астрономите би ја следеле најмалку една деценија и сега ќе била видлива со голо око“, велат од НАСА.
Теоретичарите на заговор сметаат дека гравитациското влијание на оваа планата е прекинато од орбитата на друга планета стотина години претходно.
Се наведува дека уште во 1996 година се почувствувале лошите ефекти од планетата Нибир.