Планот за распад на Југославија е направен уште во 1977 година

Откриен е таен документ на ЦИА и германските известувачки служби BND кој говори за повторното цртање на границите на Југославија и албанските земји во регионот, пишуваат албански медиуми.

Секретарот на ЦИА ваквиот документ го класифицирал како доверлив, а тој наводно е нацртан во Минхен во 1977 година на состанокот меѓу агентите на американската ЦИА и германската BND.

Во планот е предвидена поделбата на Југославија на два блока, блок кој би бил под германско влијание и блок кој би бил под американско влијание.

А, кога ќе се погледне моменталната ситуација, јасно е дека се било насочено кон исполнување на тој план. Документот кој го објавил британски „Телеград“, покажува дека договорот меѓу ЦИА и BND, Социјалистичката Федеративна Република Југославија ја дели во три колонии, односно сфери на интерес.

Сличен ваков документ е направен и во текот на Втората светска вона. Според овој документ, големите сили требало да ја поделат Социјалистичка Федеративна Република Југославија на следниот начин:

 

Словенија, континентална Хрватска, Истра, северна и западна Босна и Херцеговина да стане дел од зоната на германското влијание, додека Далмација, Црна Гора, Косово, дел од Рашка, Прешевската долина и Македонија да припаѓаат на САД и да бидат под нејзино влијание.

Војводина и јужен Банат требало да припаѓаат на Унгарија и да бидат под нејзина контрола. Територијата на независна Србија, би била денешна Србија, но без Косово и цел јужен дел на Србија и без Војводина, која би била унгарски проктеторат. ЦИА, како што е наведено, го планирала размонтирањето на Југославија на почетокот на 70-те години од минатиот век, односно 10 години пред смрта на водачот на Југославија Јосип Броз Тито.

Од предминатата година, стари документи на ЦИА, како и разни планови и сценарија сега се отворени за јавноста, но и за анализа на историчарите и новинарите.

 Интригантниот извештај за студената војна говори за засилена децентрализација во Титова Југославија и предвидува дела стабилноста во пост-советската ера ќе биде неизвесна. Мапаите од СФРЈ циркулирале низ тајните служби од 1981 година, по смртта на Тито, затоа што ЦИА знаела уште во 1970 година дека Југославија ќе се распадне.
Поделбата на Југославија во сферата на интерес веќе тогаш станала факт и требало само да се изврши. На мирен или крвав начин. Во Втората светска војна, поделбата на Југославија ја извршиле германските, италијанските, бугарските и унгарските инвазивни сили. Во согласност со политиката на Оската, Југославија уште тогаш била ликвидирана како држава.
Германците и Италијаните тогаш формирале три државни протекторати. Независна држава Хрватска, Србија и Независна држава Црна Гора, во која југословенските народи формално имале квази државјанства во новиот ред на Хитлер, додека периферните делови на Југославија едноставено биле анексирани од страна на соседните држави, Германија, Италија, Унгарија, Бугарија и Албанија.
Издавањето на овие документи го расветлува планот, кој имал очигледно свои референци на конкретното тло и покажал дека ништо не е случајно, од герилските групи до политичкото движење на Косово под водство на Ибрахим Ругова.
Scroll to Top