Нова студија објавена минатиот месец во списанието „Природа“ сугерира дека луѓето по природа се добри. Оваа студија го поткрепува ставот дека корупцијата не е во човековата природа.
Во десет експерименти во кои се користеле економски игри научниците забележале дека брзите одлуки се резултат на подобрата соработка и великодушност кај испитаниците, додека бавните одлуки, односно пресметаните одлуки, покажале пад во соработката и великодушноста. Заклучокот е дека автоматската реакција била пријателска, великодушна и кооперативна (друштвена).
„Соработката и кооперацијата се основен дел од човековото социјално однесување. За да се објаснат ваквите резултати, научниците објаснуваат дека соработката е интуитивна затоа што кооперативната хеуристика се развила во секојдневниот живот, каде што соработката обично е предност. Тогаш биле потврдени предвидувањата кои ги генерира овој предложен механизам. Резултатите даваат конвергентни докази дека интуицијата ја поддржува соработката во социјалните дилеми.
Научнате студиии овие денови треба да се земат со резерва затоа што без сомнение живееме во време на наука од советски стил каде што државните и корпоративните ентитети го користат научниот естеблишмент за да обезбедат одредена мејнстрим свест.
Тоа е причината зошто е важно секогаш да бараме извори за финансирање на истражувањата и различни патишта во текот на истражувањето.
Но, во овој случај, оваа студија е само еднан од многуте на научната заедница во последните неколку децении кои тврдат дека корупцијата нема врска со човечката природа.
Првпат тоа прашање било поставено во мејнстрим научната заедница во 1986 година, кога научниците од целиот свет дискутирале за психолошките и биолошките докази дека човечката природа не е никакво оправдување за човечкото насилничко однесување.
Резултатите од овој состојанок биле преточени во пет точки.
- Научно е неточно да се каже дека сме ја наследиле склоноста кон војување од нашите предци.
- Научно е неточно да се каже дека војната или кој било друг облик на насилничко однесување е генетски програмирано во човековата природа.
- Научно е неточно да се каже дека во текот на човечката еволуција дошло до поголем избор за агресивно однесување за разлика од кој друг вид однесување.
- Научно е неточно да се каже дека луѓето имаат „насилен мозок“.
- Научно е неточно да се каже дека војната е предизвикана од „инстикт“ или некој друг порив.