Светската здравствена организација СЗО предупреди дека теоретичарите на заговор ги поткопуваат нивните напори во борбата против опасниот и смртоносен коронавирус. Главниот директор на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејесус, им пренел на новинарите дека дезинформациите за овој вирус им ја отежнуваат работата на нивните работници.
„Сакам да зборувам за важноста на фактите, а не за стравот. Луѓето мораат да имаат пристап до точни информации, за да можат да се заштитат себеси и другите“, порача директорот на СЗО и додал дека дезинформациите околу новиот типа коронавирусот, официјално наречен 2019-nCoV, предизвикува конфузија и шири страв во јавноста.
„Ние во СЗО не се бориме само проти вирусот, туку и против троловите и теоретичарите на заговор кои го поткопуваат нашата работа и одговор за вирусот. Тоа го вели и насловот во денешниот весник ‘Гардијан’, ‘Дезинформациите за коронавирусот се најзаразената работа околу него’“, изјавил директорот на СЗО.
Во колумната во „Гардијан“ епидемиологот Адам Кучарски тврди дека најдобриот начин во борбата против лажните вести за вирусот е истите да се третираат како вистинскиот вирус. Кучарски објаснил дека бројот на луѓе заразено со коронавирусот е еднаков на бројот на лица кои се заразуваат со примањето лажни вести.
„Репродуктивниот број, односно проечниот број луѓе кои заразуваат други луѓе со коронавирусот е во сооднос со бројот и кај ширењето на виралните содржини на социјалните мрежи. Тој изнесува исто така два“, вели Кучарски.
Кучарски објаснил дека технолошките компании применуваат слични тактики во борбата против лажните вести како и оние кои епидемиолозите ги користат во спречување на епидемијата.
Бидејќи отстранувањето на сите лажни вести е речиси невозможно, треба сите напори да се насочат кон намалувањето на бројот на луѓе кои исто така би можеле да бидат изложени на штетна содржина.
„Гугл“ исто така се обидува да ја намали подложноста на луѓето на дезинформации за моменталната епидемија, со прикажување линкови на веродостојни медицински извори, кога корисниците преку „Гугл“ ќе побараат информации за смртоносниот вирус.
Разни теории, освен по социјалните мрежи, се шират и на таканаречените „алтернативни медиуми“, но и на руската државна телевизија „Канал 1“, во прајм-тајм емисијата „Време“. Во еден момент рускиот водител коронавирусот го поврза со американскиот претседател Доналд Трамп.
Ето Бузијашвили, аналитичар од фондацијата „Атлантик“, смета дека коронавирусот е поврзан со трговската војна која Трамп ја води против Кина. Војната се води само преку други и подрастични средства. Американците очекуваат дека на овој начин епидемијата ќе ја поткопа кинеската економија.
Според друга верзија, ЦИА сака на овој начин да ја тестира кинеската одбрана на биолошкото оружје, како и ширењето на самиот вирус во реални услови.
Директорот на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејесус, во своето обраќање до медиумите изјавил дека е прерано да се заклучи дека епидемијата на коронавирусот го достигнала својот врв и покрај одреденото забавување на бројот на заразени во последните неколку дена.
Тој објаснил дека чести се примерите во кои епидемијата знае да забави, пред повторно истата да почне забрзано да се шири. Тој додал и дека ова забавување на епидемијата е можност за СЗО да се обиде да ја спречи истата.