Сè поголем број на земји од целиот свет, меѓу кои и Русија, го поддржаа барањето на Австралија, да се спроведе независна истрага за пандемијата за коронавирусот, кој усмрти повеќе од 316.000 луѓе, додека преку 4,7 милиони се заразени, пренесува српски Курир.
Рускиот претседател Владимир Путин, во една прилика, го нарече кинескиот претседател Си Џинпинг, „осамениот војник“, а денес овој надимак најдобро ја отсликува ситуацијата во која се наоѓа кинескиот лидер.
Во барањето на Австралија се повикува на независна истрага за меѓународен одговор на пандемијата и реакција на Светската здравствена организација (СЗО). Иако во нацрт резолуцијата, за чиј текст се погрижила Европската унија, во ниту една реченица не е спомената Кина, од каде пандемијата почна.
Од Пекинг веќе стигнуваат остри реакции упатени кон австралиските власти. Од Пекинг порачаа дека ќе ја уништат австралиската економија во знак на одмазда за инсистирањето на истрагата.
Кинеските власти наведуваат дека истрагата ќе се спроведе низ органите на владејачката Комунистичка партија и дека не е потребна никаква меѓународна истрага.
Барањето на Австралија за покренување на истрага е опасно и нема да добие глобална поддршка, смета Ченг Џинги, кинескиот амбасадор во Австралија. Официјален Пекинг веќе го стопираше увозот на говедско месо и вина од Австралија, а како причина за тоа се наведува „техничкиот проблем и кршењето на правилата за етикети.
Австралиската министерка за надворешни работи, Мариза Пејн, истакна дека истрагата мора да биде „непристрасна, независна и сеопфатна“.
„Тука се работи за соработка на меѓународната заедница на опремување за подобро спречување или сузбивање на наредната пандемија“, навела таа.
САД, на чело со државниот американски секретар Мајкл Помпео, на почетокот инсистираше во резолуцијата да бидат вметнати Кина и градот Вухан, од каде пандемијата почна, но ништо не се случи од тоа.
САД наведуваат дека кинескиот претседател Си Џинпинг, уште на 7. јануари знаел за опасноста и избивањето на епидемијата, но дури на 23. јануари го ставиле во карантин градот Вухан и провинцијата Хубеи, откако се виде дека повеќе од пет милиони Кинези, отпатувале во другите делови на земјата и светот.
Кинескиот претседател Си, изјавил дека Кина, најблаговремено ги доставила до СЗО и низа други држави, релевантните податоци за епидемијата, вклучувајќи ја и генетската секвенца на вирусот.
„Со светот безрезервно го делиме искуството за контрола на епидемијата и лечењето. Направивме сè што е во наша моќ, за да ги поддржиме и да им помогнеме на земјите на кои им беше потребна помош“, додал тој.
Како што пренесува Курир.рс, САД и голем број други држави од светот се подготвуваат за економска војна со Кина, кои сакаат да ѝ се одмаздат, како што веруваат тие, за лошото реагирање на земјата на короната.
ЕУ би требало привремено да забрани кинеско превземање на компаниите чија вредност во моментов е потценета или имаат деловни проблеми поради пандемијата со коронавирусот, изјавил претседателот на групата на Европската народна партија Манфред Вебер.
Манфред Вебер: Стоп за кинеската шопинг тура
Лидерот на најголемата политичка групација во Европскиот парламент, Манфред Вебер, изјавил дека се залага за едногодишна забрана на кинеските инвеститори, да ги купуваат европските фирми.
„Мораме да видиме дали кинеските компании, делумно со поддршка на државни средства, се обидуваат да купуваат европски компании кои се евтини или западнале во економски тешкотии, поради кризата предизвикана од коронавирусот“, изјавил Вебер, за весникот Velt am zontag.
ЕУ треба да реагира координирано, смета Вебер и да се спречи кинеската шопинг тура, така што ќе се воведе мораториум на продажбата на европските компании.
Од каде е потеклото на вирусот, од лабораторија или лилјак?
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, претходно овој месец изјавил дека постојат значителни докази дека коронавирусот потекнува од лабораторија од Институтот за вирологија во Вухан. Оваа лабораторија се наоѓа недалеку од таканаречениот морски пазар во Вухан, каде се тргува со диви животни.
Оттука наводно почнало ширењето на вирусот. Во оваа лабораторија се чуваат повеќе од 1500 смртоносни видови на вирусот. Наводите на Помпео ги демантираа бројни научници, тврдејќи дека вирусот потекнува од природата и дека не е креиран во лабораторија.
Но, кинеските научници Ботао Сјао и Леј Сјао, двајцата од Вухан, наведуваат дека лилјаците можат да го рашират вирусот во радиус од 900 километри од своето живеалиште. Со тоа, тие тврдат дека жителите на Вухан и не конзумираат и јадат лилјаци и дека тие не се продаваат на пазарите во Вухан.
Извор/Курир.рс