Премиерот на Австралија застана зад својот министер кој е обвинет дека силувал тинејџерка пред 30 години

Премиерот на Австралија Скот Морисон денес застана зад обвинетиот неименуван министер во неговата влада, од кого дел од јавноста побарала оставка, затоа што наводно пред триесет години, силувал 16 годишна тинејџерка, пренесува „Асошиетед Прес“.

Морисон изјавил дека неименуваниот министер остро и целосно ги негирал наводите за силување и додал дека случајот им го препуштил на полицијата.

Обвинувањето создаде облак на сомнеж за 16 луѓе во владата на Морисон, која е составена од 22 министри. Анонимно писмо со обвинување за силување било испратено на адресата на премиерот и тројца пратеници минатата недела.

Во писмото се наведува дека силувањето се случило во државата Нов Јужен Велс, во 1988 година. Жената чие име не е соопштено во јавноста, го пријавила случајот во полиција, пред да изврши самоубиство во јуни минатата година, на 49 годишна возраст.

 

Scroll to Top