Преселбата на Амбасадата на САД во Ерусалим нема поврзаност со масакрот врз Палестинците

САД го обвинија Советот за безбедност на Обединетите нации за двојните стандарди кон Израел, а другите држави обединето ги осудија насилствата над Палестинците за време на нередите што следуваа по одлуката на Америка да ја пресели Амбасадата во Ерусалим.

„САД го осудуваат губењето животи, но во регионот постои многу поголемо насилство, а двојните стандарди се премногу вообичаени во овој одбор“, изјавила претставничката на Вашингтон во Обединетите нации, Ники Хејли, пред да почне да го критикува Советот за безбедност на Обединетите нации поради тоа што не повикал на слични состаноци за да се расправа за дестабилизацијата на Иран.

Хејли потоа изјавила дека одлуката за преселба на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим на никој начин не ја поткопува можноста за мир.

За смртните случаи на 60-те Палестинци, што се случи на границата меѓу Газа и Израел во понеделникот, Амбасадата во Америка го обвини Хамас и изјави дека одборот е премногу зафатен со конфликтот во кој се ранети повеќе од 2 700 луѓе.

„Ниту една земја во овој одбор не дејствувала така воздржано како што тоа го направи Израел“, изјавил поранешниот гувернер на Јужна Каролина. По сослушувањето на говорот на другите претставници, Хејли излегла од салата, веднаш кога палестинскиот претставник го почнал своето излагање.

Бунтовната реторика на Хејли била во спротивност со благите тонови на другите говорници, а меѓу нив имало и блиски сојузници од Вашингтон.

Пратеникот на Велика Британија во Обединетите нации, Карен Пирс, изјави дека насилството го достигнало својот врв од времето на војната меѓу Израел и Хамас во 2014 година и дека тоа било и ужасно, па праша дали употребата на воена муниција од страна на IDF е оправдана.

Слични повици истакнаа и другите западни држави вклучувајќи ги и Франција, Шведска и Холандија.

Русија укажувала на четиригодишниот застој на мировниот процес, кој оставил вакуум во процесот што го искористиле противничките политичари за сопствени интереси создавајќи циркус од насилство.

Русија има продуктивни работни односи со палестинското и израелското водство, па земјата е подготвена да стане посредник на кој било иден мировен самит меѓу двете земји.

Најистакнатиот говор пристигнал од непарламентарниот член на Боливија, Саша Лоренти, кој започнал со читањето на имињата на палестинските жртви пред да почне со критиката за илегалните израелски окупации, кои добиваат безусловна поддршка од Вашингтон.

 

 

Scroll to Top