Ќерката на владетелот на Дубаи, Латиф Мохамед ал Мактум (33), исчезнала во Индија, а официјалните лица се сомневаат дека пред нејзиното исчезнување таа била во друштво на поранешниот шпион Жан Пјер Жобер.
Латиф Мохамед ал Мактум е ќерка на шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, потпретседател и премиер на Обединетите Арапски Емирати.
Во видеото што го објавила принцезата од Дубаи, како што многумина ја нарекуваат, таа објаснува дека нема слобода да го живее сопствениот живот и дека постојано е измачувана и цензурирана.
#Dubai’s #SheikhaLatifa & US national #HervéJaubert still missing after fleeing the UAE with claims of #torture. Latifa reported gunshots to @RadhaStirling but authorities have remained silent. #WhereisLatifa? #WhereisHervé? @ben_kew @BreitbartNews pic.twitter.com/TuxlnhNyqz
— Escape From Dubai (@escape_dubai) March 16, 2018
Таа вели дека е едно од 30-те деца на шеикот. На 4 март се јавила во една агенција која пружа помош на луѓе кои имаат одредени проблеми во Емиратите или во странство.
Тој ден испратила вознемирувачка порака во која рекла дека ја чекаат некои мажи, дека слушнала пукотници и дека се крие со еден пријател. Напоменала дека не ѝ било дозволено да го напушти Дубаи од 2000 година и дека не смее да вози автомобил. Исто така напоменала дека секој нејзин чекор бил следен.
Иако Дубаи е едно од најпопуларните места и дестинации во светот, каде што туристите па и локалните жители можат да уживаат во разноразни активности, Латифа вели дека таа никогаш не смеела да биде дел од тоа.
Во видеото ги наведува причините поради кои се одлучила на бегство.
„Ја немам слободата што другите луѓе ја имаат. Немам слобода на избор. Се надевам на нов живот. Доколку не успеам, се надевам дека ќе се случат некакви промени“, дополнила таа.
Од агенцијата што ја контактирала велат дека го утврдиле нејзиниот идентитет и дека сега се загрижени за нејзината безбедност.
Не е познато како се запознала со Жобер, но се знае дека тој ѝ понудил повеќе од возбудлив живот. Жобер е автор на книгата „Бегство од Дубаи“ и е поранешен морнарички офицер и инженер, а како таен агент работел за француска известувачка служба до 1993 година, кога се преселил на Флорида и покренал кампања за производство и управување со рекреативни подморници.
Во 2004 година го посетил бизнисменот и султан Ахмед бин Сулајмен, кој го повикал во УАЕ. Таму Жобер почнал производство на подморници, а по две години неговата фабрика почнала со производство на брзи бродови и подморници за туристи. Но, фирмата влегла во проблеми. Полицијата го обвинила за злоупотреба, а тој велел дека системот на Емирати е подложен на корупција.
Во 2008 година морал да побегне од земјата. Облекол нуркачко одело и го покрил лицето со бурка за да изгледа како муслиман.
Го опишал потфатот во својата книга, а наведува дека до своето одредиште успеал да стигне со гумен чамец од бродот со кој управувал негов стар пријател, исто така шпион.
Засега исчезнувањето на принцезата на Дубаи останува мистерија. Се верува дека последен пат била забележана на јахтата „Ностромо“, која исчезнала во Индија, а на која наводно била во друштво на Французинот заедно со уште една државјанка од Финска, Тина Јохан Јаухиаинен.
Нејзиното семејство го пријавило исчезнувањето и сега ги молат за помош сите кои имаат каква било информација за овој случај.
Тина на своето семејство претходно им рекла дека планира да побегне. Последен пат кога Тина се огласила бил периодот кога принцезата од Дубаи говорела дека слушнала некакви пукотници.