Принцот Џорџ бил цел на џихадистите

Џихадистот Хуснаин Рашид признал дека апелирал до своите следбеници на социјалните мрежи да извршат напад врз принцот Џорџ во школо.

Триесетгодишниот припадник на Исламската држава во Британија исто така поттикнувал извршување  напади и бомбардирања на фудбалските мечеви, а обвинет е и дека барал од неговите следбеници да вбризгуваат отрови во сладоледите.

Тој водел онлајн-канал под името „Осамениот муџахедин“, поради што обвинителката Анабел Дерло изјавила пред поротниците дека Рашид ги охрабрувал на напади на различни цели.

Обвинителите изјавиле дека на еден негов пост забележале и фотографии од принцот, адреси од неговото училиште, силуета од џихадистички борец и порака во која се вели дека ниту кралското семејство нема да биде оставено на мир.

Рашид на почетокот ги негирал подготовките за терористички дела, поттикнување тероризам и ширење терористички публикации.

 

 

Scroll to Top