Имено, додека позира со Меланија, Хари ги истакна двата прста, па изгледаше како да покажува ѓаволски рогови.
Интересно е што не стануваше збор за секунда или две, туку така позира подолго време.
Фотографијата веднаш стана истакната и почнаа нагаѓања што сакал Хари да ѝ порача на Меланија со ваквиот потег.
„Можеби би требало да истражите зошто Хари го покажа знакот на сатаната за време на состанокот со Меланија“. „Дали е тоа некој таен знак со кој се обидува да покаже дека на Меланија ѝ е потребна помош?“, „Тоа е ѓаволски знак“, беа некои од коментарите, а недолго потоа почнаа да се споменуваат и илуминатите.
„Принцот Хари го покажува знакот на илуминатите“, заклучи еден твитераш.
Имаше и такви што мислат дека Хари намерно ја исмевал Меланија.
„Секоја чест Хари што си ја „тролал“ Меланија. Одбивање на злото. „Хари, Америка те сака“, порача една твитерашка.
Гледајте го видеото: